„Социјалдемократската младина на Македонија го чествува 11-ти Октомври, Денот на македонското востание, на Народно ослободителната борба.
Локалните клубови на СДММ од Скопје ги чистеа спомен обележјата од НОБ во Градскиот парк. Активноста се спроведува и низ цела држава. Секој локален клуб на СДММ уредува спомен обележје од НОБ во својата општина.
Со традиционална активност за чистење на спомен обележјата од НОБ изразуваме благодарност до почитуваните борци кои ја започнале борбата против фашизмот.
Придобивките од НОБ се огромни, слободата е една од нив, за која треба постојано да се бориме и залагаме. Факт е дека власта во изминативе години целосно заборави на хероите од НОБ.
Потрошија милиони евра за нови споменици, додека обележјата на хероите од светлиот македонски период се целосно руинирани. Секоја генерација има своја борба. Под ова мото ве повикуваме да се приклучите во борбата која ја водиме овој период.
Ние, младите, сите граѓани кои сакаат подобра иднина и ја посакуваат слободата во секој сегмент од општественото живеење, без калкулации и колебање“, се вели во соопштението на СДММ.