„Разбуди се Никола! Не си веќе премиер! Сите ветувања кои лажно ги ветуваш за младите се од функција на политички маргиналец, на залезот од својата кариера. Те чека соочување со одговорноста за тоа што им украде 10 години живот на младите.
Лагите не поминуваат повеќе. Ниту пропагандата на твоите медиуми платена со 20 милиони евра, пари на граѓаните.
После десетата година од владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, најдобрите студенти ќе биле вработени!? Поради Никола Груевски Македонија е рекордер по бројот на магистри и дипломирани млади луѓе кои ја напуштија сопствената земја.
Лицемерие е тоа што Никола Груевски ја спомнува библиотеката “Браќа Миладиновци”, во чија читална лично тој направи упад.
Попусто Груевски од немај-каде ветува брда и долини. Лажните проекти на очајниот Никола Груевски- за младите е одамна прочитана книга.
Овие се шестте проекти на Никола Груевски во изминатите 10 години:
Прв проект – иселување на 626.312 граѓани од Македонија, пред се млади образовани луѓе;
Втор проект – вработување на младите надвор од Македонија како келнери, камионџии, хигиеничари;
Трет проект – руинирани студентски домови со бубачки во храната за студентите;
Четврт проект – матните бизнис зделки на братучедот Сашо Мијалков и чоколадите на кумот Ставрески;
Петти проект – провизии на тендери и споменици;
Шести проект – мерцедес од 600 илјади евра со кожни седишта и екрани.
Груевски единствено е загрижен за сопствената кожа. Тоа е неговиот последен проект.
Лицемерниот Никола Груевски нема легитимитет да зборува за младите.
СДСМ од првиот ден кога ќе ја добие власта, ќе започне со реализација на проекти за млади.Ќе овозможиме пракса/тренинг/работа за младите. Со неповратни грантови ќе ги поддржиме бизнис идеите. Реконструкцијата на студентските домови ќе биде реалност.
Образование кое ќе интегрира, кое ќе ги поддржува најдобрите и ќе ги насочува учениците!
Ова е новиот пристап на СДСМ за младите. Промените доаѓаат“, велат од СДММ.