СДММ од Делчево го започна караванот „Млади Локално Заедно“

Од:

„Денеска од Делчево започна караванот на СДММ, Млади Локално Заедно. Гласот на младите, нивните идеи, сугестии ќе бидат темел за креирање на стратегија за создавање на подобра иднина за секој млад, од секоја општина.

СДСМ покажа на дело дека младите имаат важна улога во креирање на идни политики и стратегии на локално и државно ниво“, информираат преку соопштение СДСМ.

„Централната и локалната власт соработуваат, донесен е Законот за млади со кој во секоја општина е вработен службеник за млади.

Младинските политики на СДСМ овозможија младите за прв пат да имаат официјално лице во општините кон кое може да се обратат за секое прашање од нивен интерес“, рече претседателот на СДММ, Марко Михаилоски на денешната младинска трибина во Делчево.

Тој додаде дека СДММ го започнува работното лето во кое ќе се посетат сите младински клубови ширум државата од каде ќе се исцрпуваат идеи и предлози за младински политики кои ќе се инкорпорираат во стратегиите на локалните самоуправи со цел да се задржат младите дома.

Откако СДСМ е на власт, условите за младите постојано се подобруваат, а СДММ како најголема и најпрогресивна младина ќе продолжи да работи посветено за уште поголемо вклучување на младите во општествените процеси, заклучи Михаилоски

Би можело да ве интересира

Ристески: ВМРО-ОКГ одбележа 4 години и 100 дена неработење во Аеродром

Предраг Петровиќ

СДСМ: Контролирано судство, повеќе од 80 дена без одговор за криминалните тендери

ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ наложувале, а од Судски совет експресно, за само еден ден, разрешувале судии неподобни за тогашната власт

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Фрчкоски: Нема никаква реакција на криминалните тендери и скандалите на власта – над 80 дена сите молчат

А1он

СДСМ: За големите „патриоти“ мора и голем авион

СДСМ: Му се извинуваме на Орце Ѓорѓевски што му ја отворивме најболната тема