Продолжуваат тековните средби со млади на Социјалдемократската младина на Македонија.
Денеска, претседателот на СДММ и пратеник, Стефан Богоев и членови на Извршниот одбор, се на средби и дружење со младите од Делчево и источниот регион.
„Присуствуваат и голем број средношколци од завршните години. Едногласна е разочараноста од екстерното тестирање и образовните политики.
Тие се информирани за иницијативата на СДСМ за укинување на екстерното тестирање и отворање на јавна дебата за овој горлив проблем и ја поддржуваат. Велат дека екстерното тестирање не е реален показател на знаењето. Богоев соопшти дека СДСМ ќе инсистира на укинување на овој штетен потег на актуелната власт, а тоа е предвидено и во Програмата на партијата.
На средбите се разговара за проблемите што ги мачат младите и го урнисуваат образовниот систем и за можните решенија“, се вели во соопштението на СДММ.