Членовите на социјалдемократската младина (СДММ) денеска во Битола, Делчево, Струга и во Прилеп посетија повеќе социјално загрозени семејства и донираа прехранбени продукти.
Тие потсетија дека Македонија е во голема економско-социјална криза, а податоците од Светска банка покажуваат дека 180 илјади македонски граѓани живеат со по 40 денари на ден.
„СДММ помага и продолжува со хуманоста и солидарноста. После 24 април на Македонија и се потребни коренити промени и решенија за вистинско намалување на сиромаштијата“, порачуваат младите социјалдемократи.