На официјалната Facebook страна на СДММ е објавен весникот, кој што се дели низ сите градови и населени места.
Во овој број, младите социјалдемократи пишуваат за „пазарот” кој Груевски го направил со амнестијата на Хашките случаи, за партизираноста на сите институции, за Мијалков-Јанкулоска-Зврлевски кои претставуваат главен филтер за позиција во судството…
Исто така се пишува и за бомбите кои СДСМ ги објавува по другите градови, за изборниот криминал во Битола, аздисаноста и реваншизмот на Марјан Ристески, како и за Лустрациската комисија која служи за лов на политичките противници на режимот.
Младите социјалдемократи велат дека се задоволни од приемот од граѓаните, кои “сиве овие години биле жедни за ВИСТИНАТА”.