СДММ Тетово: ВМРО ДПМНЕ и ДУИ втора година го игнорираат Илинден во градот

Од:

Социјалдемократската Младина на Тетово, денес, ден по големиот државен празник Илинден, симбол за непокорот на македонскиот народ низ годините, соопштува на пошироката јавност дека во Тетово, чествувањето на овој голем ден веќе втора година е игнорирано од партиите на власт. Општина Тетово, градоначалникот на Тетово – г-ѓа Теута Арифи, ДУИ, како и ВМРО ДПМНЕ – самопрогласената патриотска партија, втор пат не искажуваат почит кон еден од најсветлите периоди од нашата историја.

Упатувајќи најостра осуда за наведеното недозволиво поведение, прашуваме до кога нераздвојните коалициони партнери ќе покажуваат непочит кон историјата, кон народот, кон иднината. Криејќи се зад историјата, ДПМНЕ со години ни ја краде иднината. Но, вистината е дека истите никогаш не ги интересирале ниту историја, ниту традиција, ниту иднина, туку голо профитерство во највулгарна смисла на зборот.

Одбележувањето на овој државен празник е ретка можност кога во Тетово се интонира државната химна, се вее државното знаме, на разглас се говори за херојството на нашите предци и се искажува благодарност. За жал, тоа не е важно за владеачката партија.

Хаосот и поделеноста во општинските комитети на владеачката партија не треба да ги спречи членовите да присуствуваат на вакви свечени одбележувања на значајни празници. Обврска на сите општествено-одговорни поединци и групи, како завет од сите кои го положиле својот живот за слободна и независна Македонија, е да покажуваме почит и секогаш да сме заедно искажувајќи благодарност за нивниот подвиг, пишува во реакцијата на Социјалдемократската младина од Тетово.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски и на Илинден ја дели Македонија, сите што не мислат како него ги нарекува „талог“

Милошоски: Нашето востание не се пушката и Црешовото топче, туку одговорноста да се создаде семејство и да се воспитуваат одговорни поколенија

А1он

Сиљановска-Давкова: Државата се чува со вложување во младите – никој нема право да ја ревидира нашата национална историја

А1он

Левица: Во изминатите три децении и СДСМ и ДПМНЕ постепено ја испразнија и обезличија асномската идеја

А1он

Сиљановска-Давкова по повод 2 Август – Илинден: Каква Република ќе им оставиме на нашите деца и внуци?

А1он

Македонија го одбележува Илинден

А1он