СБ: Климатските промени ќе ги преполоват приносите до 2050 година

Од:

Климатските промени до 2050 година можат да ги преполоват приносите на земјоделските култури во Македонија, предупредува Светска банка во најновиот Извештај за влијанијата на килматските промени во Западен Балкан, Русија и Централна Азија што вчера беше објавен во Вашингтон.

Според извештајот, во делови од  Западен Балкан и Централна Азија екстемно топло ќе биде во повеќе од 60 отсто од летните месеци, а овој процент може да се зголеми за 20 отсто доколку просечното затоплување се порасне за 4 Целзиусови степени.

– Во Западен Балкан климатските промени ќе предизвикаат зголемен ризик за земјоделството, енергетиката и здравјето на луѓето. Просечното зголемување на температурата за два степена веќе има значајни влијанија, особено во Македонија каде што до 2050 година ќе предизвика 50-отстотно намалување на приносите кај пченката, пченицата, зеленчукот и грозјето, се вели во извештајот на Светска банка.

Драматичните климатски промени и температурните екстреми, се истакнува, веќе загрозуваат милиони животи во светот, но ако продолжи затоплувањето на планетата топлотните бранови и останатите  временски екстреми ќе станат „нормална клима“ и ќе го зголемат ризикот и нестабилноста. Тоа ќе предизвика намалување на водните ресурси и на приносите на житните култури, како и зголемување на нивото на морињата и загрозување на живелиштата на милони луѓе.

– Доколку продолжи затоплувањето на планетата ќе предизвика неповратни промени, особено во руските шуми каде до 2050 година ќе има зголемена емисија на јаглерод и метан за 20 до 30 отсто. Намалувањето на резервите на вода, пак,  во некои места ќе предизвика зголемување на температурата за 4 степени, а топењето на глечерите во Централна Азиија ќе го промени циклусот на водите и ќе го зголеми ризикот од поројни дождови, се наведува во извештајот.

Би можело да ве интересира

Трипуновски: Љупчо Николовски доделил 2.5 милиони евра надвор од процедура

Орце Костов

МЗШВ: Усвоена Интервентната програма за поддршка во земјоделството за 2024 година

Македонското земјоделство ги доби првите сертифицирани советници

Николовски: 2024-та ќе биде година на нови предизвици, продолжуваме со силна реформска земјоделска политика

Николовски од Делчево: Ги повикувам сите земјоделци навремно да аплицираат, остварувајќи го правото на дополнителите директни плаќања за полјоделски култури, градинарски култури, овошни и лозови насади

Николовски: Ја носиме Европа дома, за просперитет на секој земјоделец, за пласман на домашните производи на европскиот пазар