Сасоли: Европскиот Парламент очекува преговори со С. Македонија и Албанија

Од:

Европскиот Парламент очекува отпочнување на преговорите со Северна Македонија и Албанија, истакна претседателот на Европскиот Парламент, Давид Сасоли на прес – конференцијата за Брегзит одговарајќи на новинарско прашање, јави дописникот на МИА од Брисел.

Прашан што значи Брегзитот за политиката на проширување на ЕУ, претседателот Сасоли потсети дека пред неколку дена оствари средба со сите спикери на парламентите од земјите на Западниот Балкан.

-Се надеваме дека ќе можеме да започнеме преговори со Северна Македонија и Албанија, нашата позиција ви е добро позната. Потребно е да влеземе во дијалог, толку многу промени нѐ очекуваат, економски, социјални, безбедносни кои нѐ засегаат сите, и разговорите со претседателите беа многу значајни, изјави Сасоли.

Претседателот на европскиот пратенички дом упати порака и до евроскептиците во Британија, но и во Европската Унија.

-Има сили кои се обидуваат да ја ослабат ЕУ, која е нивната агенда? Ние сме најголемата економија на светот и сакаме да се воспостават правила затоа што правилата ни помагаат да ги заштитиме најранливите граѓани, без правила владее законот на џунглата, без правила најранливите ќе бидат притиснати од најсилните, а тоа не е Европската Унија, изјави Сасоли предизвикувајќи гласен аплауз во прес салата.

Би можело да ве интересира

Девет држави ја блокираат Албанија во евроинтеграцискиот процес, Рама тврди: Има само едно вето

ЕУ: Не е јасно каква игра игра Украина

Анкета: Младите Срби сакаат влез на земјата во Европската Унија – повеќето граѓани над 60 години се противат

А1он

ЕУ ја обвини Русија дека му помага на Иран во нападите врз САД

Маслеников: Европската Унија продолжува да го саботира мировниот процес во Украина

Горан Наумовски

Ракетниот дострел на Иран е закана што се наѕира над европските престолнини