Сашо Тасевски повторно избран за директор на Бирото за јавна безбедност

Од:

На денешната седница Владата го прифати предлогот на министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, Сашо Тасевски да биде именуван на функцијата која и досега ја извршуваше, директор на Бирото за јавна безбедност.

– На денешната седница на Владата го предложив досегашниот директор на Бирото за јавна безбедност, Сашо Тасевски, за нов четиригодишен мандат, при што предлогот беше едногласно усвоен, објави Спасовски на својот фејсбук-профил.

Тој му посака на Тасевски да продолжи со раководењето со БЈБ како и досега, со, како што наведува, успешни резултати во намалување на криминалот и враќањето на довербата на граѓаните во македонската полиција.

– Многу е важно во секој момент да ги имаме вистинските луѓе на вистински места, одговорни и чесни луѓе кои доверената раководна позиција ја извршуваат со сериозна одговорност пред граѓаните и државата, пишува Спасовски.

Би можело да ве интересира

Кривична за криминалците кои одземаа пиштол од полицаец, фрлија кеса со марихуана и бегаа по автопат

А1он

Aкција на МВР и ФБИ: Разбиен нелегален онлајн пазар за продажба на украдени податоци

МВР: Ива Михаилова нема евидентиран излез од Македонија и влез во Бугарија

Горан Наумовски

ДУИ обвинува за полициско насилство врз двајца млади, МВР истражува

Катерина Ѓуровски

Казна за возачот кој со 203 км. на час „леташе“ на автопатот Скопје – Свети Николе

А1он

Над 5.600 уапсени во операцијата „Чистач“