ВИДЕО: АНБ и БЈБ откриле иранска прокси мрежа во Македонија, подготвувала терористички напад во Грција

Од:

Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Бирото за јавна безбедност (БЈБ) при МВР, во соработка со грчката национална разузнавачка агенција и други партнерски служби, разоткрила прокси мрежа во Македонија поврзана со ирански државјанин, чии членови преземале подготвителни логистички активности за извршување терористички акт, односно атентат врз лице во Грција.

Како што информираа од АНБ и БЈБ, активностите биле преземани од почетокот на 2026 година, во соработка со странските партнерски служби.

Биле преземени оперативно-технички и аналитички активности за разоткривање на мрежата, поврзана со иранскиот државјанин Едрис Јахангири Маване (Edris Jahangiri Mavaneh), кој е идентификуван како лице поврзано со други прокси актери на иранските безбедносно-разузнавачки служби, вклучително и со нарко-босот Наџи Шарифи Зиндашти (Naji Sharifi Zindashti).

Во однос на македонската мрежа, станува збор за лица етаблирани во криминални структури во земјава, кои по директни насоки на иранскиот државјанин преземаа подготвителни логистички активности за извршување на терористички акт/атентат врз лице во Грција, се наведува во соопштението.

Со размена на информации со странските партнерски служби бил разоткриен и начинот на функционирање на мрежата, вклучително и одржувањето конспиративни средби на територија на трети земји, меѓу кои и Иран. Притоа, биле потврдени врските со иранскиот државјанин, кој се посочува како главен носител на планираната терористичка акција.

Од АНБ и БЈБ оценуваат дека ваквите поврзаности се вклопуваат во обидите на иранските разузнавачки служби да ги прикриваат своите активности преку криминални прокси мрежи во трети земји, вклучително и Македонија.

Како дополнителен безбедносен контекст, посочуваат дека во изминатиот период повеќе земји се соочиле со терористички закани и напади од ирански прокси актери.

Од АНБ и БЈБ најавуваат дека и натаму ќе работат на детектирање и спречување евентуални терористички закани преку прокси елементи од Иран, како и на разоткривање други лица инволвирани во вакви мрежи.

Би можело да ве интересира

Руската амбасада ги отфрли обвинувањата на АНБ и бара објаснување од македонските институции

Јанев: Презедовме опсежна акција, претресена е нова локација, засилено е присуството на полицијата со цел конекција со граѓаните на Прилеп

Разбиена мрежа на псевдо-портали за ширење проруска пропагандна во земјава

Лажни покани за истрага во име на директорот на БЈБ, МВР предупредува граѓаните да не отвараат

(ВИДЕО) Филипче: Зошто не дозволувате декласификација на сите материјали поврзани со случајот со АНБ?

За Филипче, скандалот со АНБ пукна како петарда во раката на ВМРО-ДПМНЕ – Мицкоски упатува на Обвинителството