Сашо Мијалков на распит во Кривичен суд

Од:

Екс директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање е повикан на распит во Кривичниот суд, потврдуваат за А1он од Специјалното јавно обвинителство.

Распитот на Мијалков се случува веднаш откако експертот од Ериксон го предаде доказниот материјал во рацете на СЈО.

Претходно, обвинителите од тимот на Јанева и нивниот истражител беа опструирани во намерата самите да ги земат доказите од УБК, а еден од истражителите на СЈО беше уапсен поради тоа што го фотографирал домот на Мијалков.

Екс директорот на УБК исто така е осомничен и за случајот „Тортура“, каде се работи за начинот на апсење на поранешниот министер за внатрешни работи и лидер на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски.

Александар Тодески

Би можело да ве интересира

Мицкоски очекува новиот јавен обвинител да истражи како Катица Јанева ги предаде случаите од затвор

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Нападите врз предметите на СЈО се дел од операцијата за враќање на Никола Груевски

Бубевски вели дека Кадриу кажува измислици и клевети, бара извинување или ќе тужи

Вреди: Функционери на ДУИ се обидоа по секоја цена да го вратат Никола Груевски на власт и да го ослободат Сашо Мијалков

Левица: Хотелот на Мијалков нема решение за Елаборат – Пецаков го штити дивеењето

Левица: Инспектор постапил незаконски при надзор над хотелот на Мијалков

Горан Наумовски