Сашо Мијалков и Гордана Јанкулоска в петок влегуваат во судница за нелегалното прислушување

Од:

Ексшефот на тајната полиција, Сашо Мијалков, в петок седнува на обвинителна клупа за аферата со нелегалното прислушување во Македонија во предметот на Специјалното јавно обвинителство познат под името „Тврдина-Таргет“.

Мијалков е обвинет за злоупотреба на службената положба и овластување и примање награда за противзаконито влијание.

Во овој предмет се споени двете истраги на СЈО, а покрај Мијалков, обвинети се и бегалците во Солун, Горан Грујевски и Никола Бошкоски за злоупотреба на службената положба и овластување и фалсификување службена исправа.

За првпат пред судот како обвинета треба да се појави ексминистерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска како и Тони Јакимовски, поранешен шеф на кабинет на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.

Според обвинението, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби. Следена била и комуникацијата пред да бидат издадени и по завршување на траењето на важноста на судските наредби на 1.541 број или вкупно 5.827 телефонски броеви со кои биле прислушувани над 20 илјади граѓани.

СЈО утврдило дека незаконското прислушување продолжило и по објавувањето на аферата со прислушувањето од лидерот на опозицијата Зоран Заев и во текот на 2016 година.

Во „Тврдина“ станува збор за уништување на опрема за прислушување вредна 10 милиони евра и на документација за набавката на таа опрема.

Специјалното јавно обвинителство го запечати случајот „Пуч“, кој се однесуваше на кривичните дела шпионажа, неовластено прислушување и за насилство врз претставници на највисоките државни органи.

Тимот на Катица Јанева како причина за повлекувањето на обвинението наведе дека „фактичката состојба прикажана во обвинителниот акт е спротивна со доказите со кои тие располагаат“. Нелегалното прислушување ќе се докажува со теоријата на обвинителството во случаите „Таргет“ и „Тврдина“.

Со петчлениот судечки совет ќе претседава судијката Ленка Давиткова, која заедно со уште двајца судии не дозволи да се замрзне партиското седиштето на ВМРО-ДПМНЕ и го осуди Зоран Верушевски на три години затвор за поседување службен пиштол. Освен во петок судијката закажала следно судење и на 17 јануари.

В. Маглешов

Би можело да ве интересира

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Мијалков утрово го напушти струшкиот затвор, бил примерен затвореник

Јанакиески излегува во јуни, за Мијалков ќе одлучува Кривичен

Ослободителна пресуда за Мијалков и Јакимовски за „Трезор“

Анита Петровска Рајковиќ

Во Кривичен пресуда за Трезор

Повторно ќе се продава имот на Сашо Мијалков, државата очекува два милиона евра од плацевите на Водно

Катерина Ѓуровски