Сарчиево против Американците: Ќе го уриваат рекордот во варење грав

Од:

Сарчиево пак ќе се трка за Гинис. Ќе се урива рекородот во варење грав во еден сад. Македонското гравче пред две години со 3150 литри беше запишано во книгата на рекорди, но многу кратко остана на врвот. Американците од градот Пинсон поставија нов рекорд од 3823 литри.

„Минатиот пат имавме 20.000 гости, па затоа решивме и да ја зголемиме количината. Очекуваме дека тоа ќе биде околу 550 литри, што значи повеќе од минатиот рекорд“, вели Стојан Давчев, организатор.

За да се собере новата количина, ќе се надградува и казанот. Дијаметарот од два метри ќе остане ќе се оди само во височина, па сега огромниот казан ќе биде висок два метри и 40 сантиметри.

„На сегашните метар и 30 со посебни потпирачи ќе го доградиме за уште еден метар и десет сантиметри. А бидејќи минатиот пат имавме проблеми со плинот, ќе се направи посебно куќиште со огноотпорен материјал“, вели Санде Давчев, организатор. Организаторите не откриваат, но велат дека рецептот ќе биде сличен на оној што го подготвија пред две години. Но што се ќе се потроши да се урне новиот рекорд се уште се пресметува. Но сигурно ќе биде многу повеќе од она што се потроши при поставувањето на минатиот рекорд, кога во казанот завршија 400 тони грав, 200 килограми сланина 70 килограми зејтин и 40 килограми кромид сето тоа зготвено во 2,5 тони вода.

Виолета Кожинкова

Би можело да ве интересира

Во љубовна расправија девојка си го претепа шест години постариот дечко

Лажен лекар измами 77-годишна штипјанка, и собра 700.000 денари

А1он

Двајца се тешко повредени во сообраќајка на патот Кочани – Штип

За 11 месеци три жени убиени во Штип – аларм за сериозноста на семејното насилство

Горан Наумовски

28-годишна штипјанка откри дека нејзиното двегодишно внуче е тешко повредено

Горан Наумовски

Одбраната на обвинетите за убиството на турскиот државјани во Штип бара преиначување на кривичното дело во „убиство на миг“