Сарацин: Македонија не ги оправда надежите за уставни измени

Од:

Северна Македонија не ги оправда надежите за уставни измени – основен услов во преговарачката рамка за почеток на преговори со ЕУ. Ова го изјави Мануел Сарацин, специјалниот германски пратеник за Западен Балкан во интервју за бугарскиот Trud.bg.

Според него, европскиот транспортен коридор број 8 е од стратешко значење за регионот, но новата влада во Скопје неделава „покажа дека изгубила интерес за нејзино спроведување“.

„Коридорот број 8 треба да ги поврзе италијанското пристаниште Бари и албанското пристаниште Драч со Скопје, Софија и Црното Море. Наместо овој коридор во Скопје тие претпочитаат да работат на коридорот 10 меѓу Австрија, Словенија, Хрватска, Србија, Северна Македонија и Грција“, вели Сарацин и додава:

„Транспортните коридори во Европа се во надлежност на Брисел. Од мое лично својство, верувам дека не е во надлежност на една земја да ги менува европските приоритети во транспортната политика“, коментира Сарацин.

„Ова е долг и комплициран процес со многу различни договори. За време на моите разговори во Софија, разбрав дека Бугарија е збунета, но и загрижена од ова барање на Скопје. Изградбата на коридорот 8 е секако од стратешко значење“.

Пред нешто повеќе од една година, германскиот Бундестаг усвои декларација за Република Северна Македонија, во која се пофали подготвеност на земјата да влезе во ЕУ, што е пример за останатите земји од Западен Балкан.

„За жал, нашите надежи за посветеноста на Скопје за промена на Уставот на Република Северна Македонија не беа оправдани. Оваа промена е главниот услов на Советот на ЕУ за обезбедување на преговарачката рамка за Скопје“, изјави Мануел Сарацин.

Ставот на Сарацин доаѓа откако министерот за транспорт Александар Николоски ја обвини Бугарија дека нема проект за Коридорот 8. Како што рече тој деновиве, постои долгогодишна желба да се изгради пруга меѓу Скопје и Софија, но прашањето е како, кога Бугарија не е сериозна за проектот. Поради тоа тој побара парите да бидат пренаменети за Коридорот 10.

Би можело да ве интересира

Касами: Во Бугарија во моментов нема кредибилен соговорник за чекорите по уставните измени

Мицкоски: Нема да има уставни измени без гаранција за правата на Македонците во Бугарија и без потврда дека ова е последна отстапка

МНР: Бугарското МНР наместо партнер, сѐ почесто настапува како рецензент на македонските политичари

Шок во Бугарија: Радев даде оставка

Радев најави предвремени парламентарни избори во Бугарија

Колона возила кај граничниот премин Делчево поради електронска проверка на патници без ЕУ пасоши