Санкционирани 177 пијани возачи за време на викендот

Од:

Во ноќта меѓу 2 и 3 март на подрачјето на сите сектори за внатрешни работи во Република Северна Македонија спроведена е акциска контрола за откривање на возачи кои управуваат возила под дејство на алкохол. Контролирани се над 1.300 возачи, а кај 177 е утврдено присуство на алкохол во крвта и тие се соодветно санкционирани.

– На територија на СВР Скопје – 39, СВР Тетово -15, СВР Велес – 18, СВР Битола – 25, СВР Куманово – 27, СВР Струмица – 17, СВР Охрид – 11 и СВР Штип – 25. При контролите, исто така, откриени и соодветно санкционирани се и 154 други прекршоци, стои во соопштението на МВР.

Министерството за внатрешни работи и во наредниот период ќе продолжи со ваквите контроли со цел санкционирање на прекршоците и подобрување на безбедноста во сообраќајот.

 

Би можело да ве интересира

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено тело на жена во фаза на распаѓање

Предраг Петровиќ

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ

Во тетовско Џепчиште уапсен 15 годишник за закани со убиства и поставување бомби

Акциска контрола низ државава: Казнети се 37 возачи на камиони

Горан Наумовски

Полицијата интервенираше: Пет лица се поврзани со случаи на семејно насилство

Горан Наумовски