Самоволието на Јово Вангеловски: По четврти пат поставува свои судии

Од:

Претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски, ја продолжува праксата на промена на распоредот на судии во највисокиот суд, што создава сомнеж дека зад последната четврта рокада се кријат бизнис интереси. Со најновите промени и поставувањето судии кои ги контролира, Вангеловски може да носи сигурни одлуки за стопанските спорови помеѓу правни лица кои почнуваат од еден милион денари па нагоре.

Документите до кои дојде „А1он“, покажуваат дека во два дена, едноподруго, на 18 и 19 септември, Вангеловски донел измени и дополнувања на одлуката за распоредот на судии.

Токму во Одделот за граѓански дела става судии кои важат за блиски до него-Киро Здравев, Мирјана Радевска Стефкова и Надица Андреева.

Во одделот за казниви дела, кој одлучува и за барањата на СЈО, покрај себе, Вангеловски ги нанзначил судиите Ристо Катавеновски, Рахилка Стојковска и Џемали Саити, кои одлучуваа за притворот на бизнисменот Сеад Кочан, сопругот на градоначалничката на Тетово, судијата Шпенд Деваја и судијата Фарук Арлсани.

Тесното мнозинство со кое Вангеловски го пушти на слобода бегалецот Сеад Кочан, му овозможува надлгасување и во предметите за замрзнувањето на имотот на ВМРО-ДПМНЕ во предметот „Талир“ и во спогодбата на Звонко Костовски, вработен во УБК и осуден во случајот „Пуч“.

Вангеловски се назначил себеси во речиси сите или поточно најзначајните оддели и совети, а исто и судијката Рахилка Стојковска која важи за исклучително блиска до него.

Во распоредот на судии, експретседателката на Врховен, Лидија Неделкова, која е кривичар, Вангеловски во април ја извади од Кривичниот оддел и ја стави претседател во одделот за судска пракса. Сега Неделкова суди во граѓанскиот оддел и во одделот за судење во разумен рок. Таа поднела и приговор поради прераспоредувањето.

Судијата Ристо Катавеновски, кој првично бил судија-заменик на претседателот на Советот кој одлучува за предметите на СЈО е заменет со судијката Рахилка Стојковска. Членот 112 од судскиот деловник предвидува претседателот па судот најдоцна до 31-ви декември во годината за следната година да го утврди годишниот распоред за работа на судот, по претходно прибавено мислење на седница на судиите, односно Општата седница на Врховниот суд, согласно закон.

Советот за утврдување на факти поведе постапка против Јово Вангеловски, како и против судиите Ристо Катевеновски и Џемали Саити. Дополнително, кривични пријави против Вангеловски и судиите кои го ослободија Кочан поднесе и коалицијата „Зелена лупа“.

Би можело да ве интересира

ССМ бара оставка од тројцата судии што ја донеле одлуката за одземање на зградата, најавуваат постапка и пред Судскиот совет

Врховен ги одби како неосновани барањата за преиспитување на пресудата за „Титаник“

Адеми останува на функција: Не помина барањето на Миљазим Мустафа за разрешување на претседателката на Врховен

Александар Тодески

Судски совет одлучува дали Адеми ќе биде разрешена: Барањето за доработка на извештајот не помина

Александар Тодески

Заврши расправата во Судски совет, дополнително ќе се одлучува дали има одговорност на Адеми или не

Александар Тодески

Измените во Кривичниот законик го премислија адвокатот Наумовски: Повлечена иницијативата за помилувањата на Иванов

Александар Тодески