Самоизолација и здравствен надзор за две лица кои се заболени од мајмунски сипаници

Од:

Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство во врска со потврдените два случаи на мајмунски сипаници, на денешниот состанок донесе препорака за самоизолација и здравствен надзор за двете заболени лица.

„Дополнително, се следи состојбата на лицата кои биле во близок контакт со заболените и доколку пројават симптоми, истите ќе бидат тестирани за ова заболување во Институтот за јавно здравје. Комисијата апелира граѓаните да ги почитуваат хигиенските мерки за лична заштита од заразни заболувања, а во случај на евентуална појава на симптоми на ова заболување да се јават кај својот матичен лекар. Воедно, до матичните лекари ќе се дистрибуира информација за разработената патека за преглед, тестирање и згрижување на евентуалните пациенти. Министерството за здравство и Комисијата за заразни болести во континуитет ја следат состојбата и благовремено и соодветно ќе реагираат. Наш приоритет е заштита на јавното здравје“, велат здравствените власти.

Би можело да ве интересира

Андоновска: Кај двајца мажи од Скопје се потврдени со мајмунски сипаници

Горан Наумовски

Во Македонија откриени се двајца пациенти болни од Мајмунски сипаници

Горан Наумовски

Мехмедовиќ: Метапневмовирус е стар вирус, не треба да се очекува дека ќе биде нов Ковид-19

А1он

Ќе заседава Комисијата за заразни болести, се очекуваат детали околу забраната за невакцинирани деца во градинките

Засилени инспекции во скопските градинки да се види која од нив прима невакцинирани деца, препорача Комисијата за заразни болести

A1on

Се бара прогласување епидемија на Голема кашлица во Скопје, 18 случаи досега

Анита Петровска Рајковиќ