Само во судството на СДС и ДУИ првообвинетиот добива најмала, а шестообвинетиот најголема казна реагира ВМРО-ДПМНЕ

Од:

После пет години низ правосудните лавиринти на системот контролиран од СДС и ДУИ денес случајот Дурмо Турс има разрешница, која наместо да дoнесе правда за оваа трагедија, отвора нови прашања се вели во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ на денешната пресуда за случајот “Ласкарци“.

– Само во судство на СДС и ДУИ, првообвинетиот, газдата на Дурмо Турс, добива најмала казна од обвинетите (4 години), а возачот, шестообвинет, најголема (14 години). Само во судство на СДС и ДУИ, вештачење на пензиониран наставник од средно училиште има поголема вредност од вештачење на Машинскиот факултет. Пет години му требаше на судството со СДС и ДУИ, да пресуди за 16 изгубени животи во превртен автобус со неисправни кочници, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ