Само семејствата го одбележуваат денот на загинување на 19 тетовски партизани во Беличица

Од:

Пандемијата на коронавирусот е причина годинава да не се одржат на вообичаен начин одбележувањата на годишнината од загинувањата на 19 партизани од тетовскиот крај во мавровското село Беличица на 19 септември 1944 година, како и двајца од нив по два дена во Тетово. На нивните вечните почивалишта но и спомен обележја цвеќе ќе положат само членовите на семејствата, информираат од Општинска организација на сојузот на борци од Народноослободителната и антифашистичка војна на Македонија 1941-1945 и граѓаните продолжувачи од Тетово.

-Денес се одбележуваат 76 години од злосторството во мавровското село Беличица во кое животите ги загубија 17 жители како и 21 партизан од Третиот партизански тетовски одред од страна на балистичко движење помагачи на италијанскиот фашистички окупато. Во Беличица загинале 19 од партизаните , а двајца од нив Младен Симовски-Требош и Андреја Христоски-Шварц, останале живи во битката а биле убиени два дена подоцна на во дворот на црквата Свети Никола во Тетово. Одбележувањето на овие датуми претставува законска,цивилизациска, морална и човечка обврска за нашите сограѓани од сите националности кои се бореа и ги дадоа своите животи за денешните придобивки за живот во мир и слобода, истакна Јовица Теофиловски

Вообичаено за овие настани се организираа историски час во Музејот на тетовскиот крај, положување на цвеќе на спомен облежјето за Третиот партизански одред во Трница како и помен во тетовската црква Свети Никола.

Би можело да ве интересира

Левица: Бизнис зделка на Касами го оштети буџетот на тетовчани за околу пет милиони евра

Кривични пријави и притвор за престрелката во Тетово, двајца се во бегство

Катерина Ѓуровски

Притвор за сите што со автоматски пушки пукаа во возилото во Тетово и го убија возачот

Предраг Петровиќ

Двајца малолетници и две жени се уапсени за убиството во Тетово

Горан Наумовски

Уапсени се три лица за вчерашната престрелка во Тетово

По престрелката во Тетово четворица тешко повредени завршија на скопските клиники

А1он