Само интегриран и поврзан регион може сигурно да чекори кон ЕУ, порача Заев

Од:

Поддршка за иницијативите за регионален договор за патување со лична карта во земјите од регионот, проширување на зелените ленти на Западен Балкан кон коридорите на Европската унија, зголемена соработка во областа на здравството за регионален одговор на пандемијата, регионално поврзување, не само во смисла на инфраструктура, е дел договореното во рамки на Берлинскиот процес, што треба да овозможи економски раст, благостојба на граѓаните и побрза интеграција на регионот во ЕУ.

-Оваа година за прв пат има копретседавање на земји од регионот и тоа мојата земја Република Северна Македонија и соседна земја членка на ЕУ Бугарија. Ова е доказ дека регионот го прифати овој процес за свој. Истовртемено тој обезбеди извонредна платформа за натамошно негување на нашите односи. Водечкиот принцип на Берлинскиот процес има за цел да обезбеди континуитет на започнатите иницијативи во рамки на процесот и да се фокусира на забележливите позитивни ефекти во регионот. Исто така, ја искористивме политичката платформа на овој процес за натамошно туркање на иницијативи како што се регионалниот договор за патување со лична карта, проширување на зелените ленти на ЗБ кон коридорите на Европската унија и соработката во областа на здравството и регионалниот договор на пандемијата, рече на премиерот Зоран Заев на прес-конференцијата на Самитот за Западен Балкан во рамки на Берлински процес кој се одржува во Софија.

На денешниот состанок учесниците имале и можност да дискутираат за клучните стратешки насоки за регионот, за визијата за акцискиот план за заеднички регионален пазар и зелената агенда за Балканот.

-Идејата за интерконекцијата која е сржта на Берлинскиот процес еволиураше во поврзаност во поширока смисла од инфраструктурата. Регионот со право ја препозна важноста на деловна поврзаност, на младинската мобилност, дигиталната поврзаност, дијалогот меѓу граѓанското општество, културната размена, се со цел да се конкурира на глобалните пазари, но и да се обезбеди благосостојба на граѓаните, истакна Заев.

Тој додаде дека ЕУ ја потврди поддршката за Западен Балкан со 9 милијарди евра во грантови, надополнети од новиот инструмент за гаранција со кој можат да се зголемат инвестициите за дополнителни 20 милјарди евра. Ова, потенцира тој, е голема финансиска поддршка за реформските процеси и за економската трансформација на регионот.

-Претставувањето на зелената агенда за Западен Балкан дополнително ќе донесе нов наратив во однос на економскиот развој и ќе помогне да се интегрира регионот во клучните политики на ЕУ. Се согласивме дека треба да ги унапредиме нашите напори за дополнително реален напредок во реформските процеси и регионалната економска соработка и да се постават темелите за одржлив раст. Само интегриран и поврзан регион може сигурно да чекори кон Европската унија, рече премиерот Заев.

Визијата за акциски план за заеднички регионален пазар и зелената агенда, според него, го покажуваат вистинскиот правец. Ние, потенцира Заев, влеговме во нова фаза од нашата соработка, регионот ја презема сопственоста на многу иницијативи и процеси и тоа носи резултати.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Стојаноска за средби Заев-Мицкоски: Не можам ниту да потврдам ниту да демантирам

Александар Тодески

Ковачевски на Берлински процес: Соработката на земјите од Западен Балкан е клучна за забрзан економски раст и за европеизација на регионот

А1он

Ковачевски од Тирана: Очекуваме конструктивна дискусија за зголемување на регионалната соработка

Катерина Ѓуровски

Фирми на Мијалкови и на Трајче Заев должат четири милиони евра за ДДВ: Кои се најголеми должници на УЈП

Орце Костов

Гаши ја потврди средбата со Заев

Ана Ололовска

Претставниците на Западен Балкан постигнаа договор во Берлин за усогласување на визниот режим со ЕУ