Самитот на ОБСЕ ќе го блокира пола Скопје: Спасовски апелира на трпение

Од:

Неколку институции работат на подготовките на министерскиот самит на ОБСЕ кој следната недела ќе се одржува во Скопје. Ова го истакна министерот за внатрешни Спасовски, кој посочи дека МВР цела година се подготвува за овој настан.

Присуство имаат најавено повеќе од 70 странски делегации и преку илјада учесници на самитот. Министерот вели дека се работи за опсежна акција која треба да се спроведе од безбедносен аспект и за тоа целосно се подготвени сите служби.

„Очекувам дека се ќе помине во најдобар можен ред. Ова е важен самит. Имаме шанса да покажеме капацитет, демократски вредности. На завршување на самитот, сите држави од светот, да гледаат со уважување кон нас. Сметам дека на сите треба да ни биде чест. Апелирам до граѓаните да имаат трпение за време на одржување на самитот и да ги почитуваат наредбите на полициските службеници. Нема да има блокада на цел град, ама ќе има блокада на одредени улици по кои ќе се движат делегациите“, кажа Спасовски.

Инаку советот кој се одржува во Скопје на 30 ноември и 1 декември е 30. министерски совет на ОБСЕ.

Би можело да ве интересира

Семејно насилство во Скопје: Мајка е истепана од својот син

(ВИДЕО) Спасовски: Ако не се покачи минималната плата, Македонија ќе остане без своите работници

(ВИДЕО) Спасовски: Со минимална плата од 600 евра ја штитиме егзистенцијата на граѓаните, прифатете го Законот

Муцунски: Скопје е подготвено за дијалог со Софија, но не и за учество во бугарската изборна кампања

Отстранет е одронот, повторно се вози во двете ленти на автопатот Скопје – Велес

Горан Наумовски

Мајка и две деца заглавени во една од полавените куќи во Гостиварско