Самит ЕУ-Западен Балкан ќе се одржи утре во Брдо кај Крањ

Од:

Премиерот на Словенија, актуелниот претседавач со ЕУ, утре ќе биде домаќин на Самитот на шефовите на држави или влади на земјите-членки на ЕУ и на партнерите од Западен Балкан.

Како што е објавено на страницата на словенечкото претседателство за најавата на состанокот, со Самитот ќе претседава претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, кој ќе ја претставува ЕУ заедно со претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.

– Словенија, како земја претседавач со Унијата, ќе се фокусира на соработката на ЕУ со Западен Балкан, и источното соседство. Словенија знае од сопственото искуство колку е важна европската перспектива за спроведувањето реформи во процесот на пристапување. Оваа перспектива мора да биде опиплива, а нејзиното исполнување да биде можно од сегашната генерација, во спротивност повеќе не би претставувало никаков поттик, наведува словенечкото претседателство.

Се додава дека Западен Балкан и кредибилното продолжување на евроинтегративниот процес е долгорочен приоритет на надворешната политика на Словенија, како и на Словенија како држава-членка која е актуелен претседавач со Советот на ЕУ. Поради тоа е одлучено дека земјата ќе биде домаќин на Самитот ЕУ-Западен Балкан. Самитот е важен за промовирање на дебатата на оваа тема на највисоко ниво и во поглед на политичките пораки за геостратешкото значење на регионот за Европската Унија и заедничките обврски за кредибилен евроинтеграциски процес, наведува словенечкото претседателство.

– Нашата цел е да го реафирмираме, да го оживееме и да ја обновиме европската перспектива за Западен Балкан, што беше декларирана на Самитот во Солун во 2003 година. Ако успемее во ова, ќе докажеме дека сме стратешки играч во нашето соседство. Доколку не успееме, и не направиме чекор напред кон Западниот Балкан, овие чекори ќе ги направи некој друг, некој со различни вредности и интереси (премиерот Јанез Јанша), се наведува во најавата за Самитот на словенечкото претседателство.

Словенија, како што посочуваат од словенечкото претседателство, верува дека ЕУ треба да биде постратешка во пристапот и акциите, особено во нејзиното најблиско соседство.

Во неофицијалниот дел на состанокот вечер членовите на Европскиот совет ќе се сретнат на неформална вечера за да разменат погледи за улогата на ЕУ во светот.

Дипломатски извори од Брисел вчера брифираа дека поддршката на ЕУ за проширувањето се предвидува да биде спомената во завршната декларација на Самитот ЕУ-Западен Балкан во Брдо во Словенија, како и тоа да се каже дека Унијата ја реафирмира поддршката за регионот и има капацитет да апсорбира нови членки, но тоа ќе биде условено со нејзиниот капацитет за проширување.

Вратата за членство во ЕУ не може да се каже дека е затворена, брифираат дипломатските извори од Брисел, но кога е во прашање проширувањето тоа е сложен процес и има бројни предизвици, важен е мерит системот, како и реформи, особено во борбата против корупцијата и криминалот и владеењето на правото.

Би можело да ве интересира

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт

Акцијата „Моби Дик“ една од најголемите во ЕУ – даночно затајување од 520 милиони евра

А1он

Глобална трговска војна, Британија избира помеѓу САД или ЕУ

Косачов: Европската Унија нема да опстане без Русија и БРИКС

Блумберг: Лидерите на ЕУ го повикаа Бајден да ја зголеми помошта за Украина пред доаѓањето на Трамп

Урсула фон дер Лајен: Го сакаме Западен Балкан во Европската Унија