По дваесетина дена стигна одговорот на грчкиот премиер Андонис Самарас на писмото од македонскиот премиер.
Никола Груевски побара директни и брзи средби меѓу двајцата премиери со нивни тимови за да се интензивираат преговорите за надминување на проблемот со името меѓу двете држави.
Kако што објави „Дневник“, во одговорот Самарас ги одбива средбите со македонската страна на највисоко ниво со образложение дека немало потреба од нив бидејќи Грција не била таа што ги блокира евроинтеграциите, туку самата ЕУ не дозволува Македонија да оди напред.