Сали: Сакам да бидам првиот што ќе најави – од утре сме без маски, но ситуацијата сѐ уште не е толку позитивна

Од:

Министерот за здравство, Беким Сали, очекува во текот на неделава да преминеме во зелена фаза во однос на ризикот од ширење на коронавирусот, но сѐ уште смета дека не е време за симнување на маските. Тој денес извести дека Министерството, Институтот за јавно здравје и Комисијата за заразни болести се едногласни во ставот дека не треба да се избрзува со укинување на мерката за носење маска.

„Јас повеќе од вас сакам да бидам првиот што ќе најави – од утре сме без маски и сигурно ќе бидам запаметен по таа изјава, меѓутоа состојбата сѐ уште не е толку позитивна за да можеме да кажеме од денес сме слободни. На една страна се желбите, а на друга се реалните бројки што ги добиваме“, одговори министерот Сали на прашањето дали подобрувањето на епидемиолошката состојба значи и олабавување на мерката.

Пример при анализите за олабавување на мерките министерот Сали рече дека им се земјите што веќе ја укинаа мерката за носење маски.

„Имаме четири држави шот ни се репер како први шот олабавија мерки и денес таму забележуваме бумеранг, враќање на состојбата како што беше порано. Сите сме согласни дека не треба да направиме таков потег, да олесниме, а потоа повторно да се вратиме на претходното. За жал, ние сме сѐ уште на границата меѓу жолта и зелена зона, повеќе одиме кон жолто. Оваа недела на состанок на Комисијата закажан в среда ќе видиме во каква состојба сме. Јас сум оптимист за општата состојба кај нас, но сѐ уште не сум оптимист за мерките“, рече денес министерот Сали по претставувањето на јапонската донација во опрема за лекување постковид-пациенти во јавното здравство во вредност од 813.000 евра.

Во следниот период, по стивнување на последниот бран на коронавирусот, министерот Сали најави фаза во која здравствениот систем се подготвува за лекување на пациентите со последици по прележан Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Писмен став на ХТЛ за изјавата на пратеникот Беким Сали од политичкиот субјект ВРЕДИ за набавка на видео лотариски терминали за потребите на НОВО ВЛТ

Сали нема информации за план за дестабилизација, го упати Мицкоски во Обвинителство

Горан Наумовски

„Вреди“ бара од Обвинителството да реагира по допрен глас за постизборна набавка на казино апарати