Сали: Пандемијата кај нас дава знаци на стивнување, нема да има потреба од онлајн учење

Од:

Само три дена откако беа регистрирани 2332 новозаразени со Ковид – 19, новиот министер за здравство Беким Сали вели дека пандемијата кај нас стивнува оти последните два дена бројките биле во опаѓање. Тој денес, откако прими трета доза од вакцината на „Фајзер“, рече дека нема потреба второто полугодие да почне со онлајн настава.

„Според податоците што ги добиваме на дневна база пандемијата кај нас, зборувам за нашата држава дека дава знаци на стивнување. Секој ден имаме ублажување, односно  намалување на бројот на новоинфицирани и на број на хоспитализирани пациенти. Институтот за јавно здравје и Министерството за здравство имаат искуство со пандемии и епидемии. Ја следиме епидемиолошката состојба кај децата. Според нашите сознанија нема да има потреба од онлајн учење во моментов, во овој период, затоа што епидемиолошката состојба се менува секоја недела. Ние врз основа на тие податоци носиме и нови одлуки и нови политики, Тоа значи дека од 1 февруари ќе се почне со физичко присуство во училиштата и ние како министерство ќе преземеме превентивни мерки со скриниг кој што ќе биде по случајност направен кај децата и во зависност од регионот, градот, општината, доколку се појави некој можна нова епидемија кај деца, ќе преземеме мерки “, рече министерот Сали.

Тој извести и дека нема потреба од нови рестриктивни мерки оти последните два дена бројките на новозаболени опаѓаат иако претходно имавме зголемување.

И покрај многубројните забелешки од јавноста за нетранспарентност, министерот смета дека Комисијата за заразни болести е транспарентна оти сите одлуки биле достапни на јавноста и повтори дека планира нејзино проширување со претставници од сите институции.

Би можело да ве интересира

Регистрирани се нови 57 случаи на Ковид, четворица починати како последица на вирусот

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Се случи најлошото, почина пациентка која не била примена на интензивна нега на Инфективна клиника

Катерина Ѓуровски

Вкупно 250 случаи на Ковид-19 во јули во државава

Писмен став на ХТЛ за изјавата на пратеникот Беким Сали од политичкиот субјект ВРЕДИ за набавка на видео лотариски терминали за потребите на НОВО ВЛТ

Сали нема информации за план за дестабилизација, го упати Мицкоски во Обвинителство

Горан Наумовски

„Вреди“ бара од Обвинителството да реагира по допрен глас за постизборна набавка на казино апарати