Сали Мурати нов претседател на Уставниот суд

Од:

Судијата Сали Мурати денеска е избран за нов претседател на Уставниот суд на Република Северна Македонија.

Судијата Мурати стапува на функција на 1 ноември 2019 година, кога на досегашниот претседател Никола Ивановски му завршува мандатот.

Уставните судии претседателот го бираат со двотретинско мнозинство од вкупниот број судии, со тајно гласање. Секој судија може да предложи кандидат за претседател. Предлогот го утврдува комисија од тројца судии, избрани со мнозинство од вкупниот број судии.

Сали Мурати е роден на 11 октомври 1966 во с.Врапчиште, Гостивар. По националност е припадник на турската заедница. Дипломирал на Правниот факултет при Белградскиот Универзитет во Белград во 1991 година, а правосудниот испит го положил во 2005 година.

Од 1993 до 2005 година работел во Бирото за правни и економски услуги – Гостивар како дипломиран правник.

Од 2005-2012 година работел како адвокат во Гостивар. Од дипломирањето до сега активно се занимавал со правната проблематика од областа на уставното право, правата на заедниците, слобода на мисла и вероисповест и меѓународно приватно право.

Има објавено многубројни статии од правна проблематика во разни весници во државата и надвор од неа. Учествувал во над 15 меѓународни конференции со правна содржина во разни земји во странство. Особено работел на проблемите на немнозинските заедници во земјава.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Судството нема да добие повеќе средства додека не покаже резултати

Уставниот судија Гоце Наумовски си поднел оставка од функцијата

Уставен суд: Не е релевантно какви имиња носат улиците, училиштата или другите објекти, важно е дали одлуките се донесени во законска постапка

Уставен суд утре ќе расправа по иницијативата на „Левица“ за одредбите за политичко рекламирање во Изборниот законик

Катерина Ѓуровски

Левица: Владиниот Закон за судска служба е враќање на судството 20 години наназад

Уставен суд ја отфрли иницијативата за пензионерите во странство кои не добија зголемување

Катерина Ѓуровски