„Сакам да работам“ до „Антикоцкање“: Дали сакате затворање на легалните објекти затоа што во секторот игри на среќа 90 проценти од вработените се Македонци

Од:

„Групата за играње на црно“ која се претставува како Движење „Антикоцкање“ од Тетово делува како огранок на една владејачка партија која јавно се критикува дека има бизнис интерес да поминат законските измени на Законот за игри на среќа во ваква форма велат од Здружението на вработени во секторот игри на среча „Сакам да работам“.

– Лага нa деценијата е дека дистанцата од 500 метри се прави за заштита на младината! Ако целта на Јуши Емурлаи и Џемал Абдиу е навистина да се заштити младината зошто не организираа протести пред Државна Лотарија која е доминантен сопственик во четири компании кои организираат онлајн игри на среќа и преку интернетот се влезени со секој дом, достапни секаде и на секој уред кои ги користат младите секојдневно? Бидејќи повторно вршат притисок врз пратениците по секоја цена да се изгласаат законските измени за затворање на легалните игри на среќа, јавноста треба да знае: Зошто Албанија се откажа од забраната на игрите на среќа? Дали е точно дека за време на четиригодишната забрана во Албанија како печурки никнале нелегални играчници? Колку жители од Косово играат игри на среќа во Тетово? Каде припаѓа Северна Македонија, во друштво на западните цивилизации и ЕУ или во некое друго друштво, се вели во соопштението од Здружението.

Од таму сметаат дека денешниот став претставникот на „Антикоцкање“ признава дека целта е да се затворат легалните објекти за игри на среќа и 10 илјади луѓе да останат без своите работни места и со своите семејства да си ја бараат егзистенцијата во западните земји.

– Затоа, претставниците на „Антикоцкање“ и тие што се кријат зад нив, треба конечно да бидат искрени и да соопштат дали сакаат затворање на легалните објекти затоа што во секторот игри на среќа 90 проценти од вработените се Македонци, порачуваат вработените во секторот игри на среќа.

Би можело да ве интересира

АСОМ: Класична злоупотреба на европското знаменце во Законот за игри на среќа

Отворено писмо на „Сакам да работам“ до Пендаровски: Бидете претседател на сите граѓани, не дозволувајте да не избркаат од Македонија

Катерина Ѓуровски

Обложувалниците и казината мора да се селат подалеку од училиштата, донесен е Законот за игри на среќа

(ВИДЕО) Пратениците со ЕУ знаме ќе го затворат најголемиот работодавец во приватниот сектор: Апел до Пендаровски да не го потпише Законот за игри на среќа

Александар Тодески

Пратениците денеска решаваат за гасната централа што ќе ја градат Грци и за Законот за игри на среќа

Пратениците утре да гласаат за законот за дислоцирање на објектите на игри на среќа повика Движењето Антикоцкање

Катерина Ѓуровски