АСОМ: Класична злоупотреба на европското знаменце во Законот за игри на среќа

Од:

Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија (АСОМ) уште еднаш најостро реагира за злоупотребата на европското знаменце во Законот за игри на среќа.

„Во повеќе наврати се обраќавме до јавноста и институциите и посочувавме дека во предложените измени воопшто не постои усогласување на одредбите од Законот за игри на среќа со некоја ЕУ директива, со што сериозно се поткопува интегритетот на ЕУ и нејзините вредности. Потребата од европско знаменце се наметнува при законски постапки каде е неопходно усогласување со некоја од регулативите на европското законодавство, со цел побрз интегритет на земјата во Европската Унија. Во ваков случај, законот се спроведува по брза постапка, но со истото се ускратува и постапката од јавна расправа.

Ние кои сме директно засегнати и кои чиниме 95% од пазарот на игри на среќа во ниту еден момент немавме можност да ги дадеме нашите забелешки и коментари на законот, со што беше целосно оневозможено нашето право за јавна дебата. Ова е големо преобликување на индустријата и не може да се направи без редовна процедура и дискусија. Исто така, овој закон не постои во ниту една европска држава, ниту пак досега е користено вакво законодавство во ЕУ каде што нашата земја има за цел да интегрира.

Затоа, уште еднаш ги повикуваме институциите, но и претседателот Стево Пендаровски да не го потпишува овој контроверзен закон, кој помина во кратка постапка под знамето на ЕУ, само за да се истуркаат нечии матни бизнис интереси. Претседателот и самиот изјави да не се брза процедурата со европско знаменце без сеопфатна и стручна дебата, па оттука, уште еднаш го повикуваме Претседателот да застане на страната на граѓаните и оние 54.000 лица кои ќе останат без основен приход доколку овој закон се спроведе на терен“, се вели во барањето на Асоцијацијата на спортски обложувалници на Македонија.

Би можело да ве интересира

Отворено писмо на „Сакам да работам“ до Пендаровски: Бидете претседател на сите граѓани, не дозволувајте да не избркаат од Македонија

Катерина Ѓуровски

Обложувалниците и казината мора да се селат подалеку од училиштата, донесен е Законот за игри на среќа

(ВИДЕО) Пратениците со ЕУ знаме ќе го затворат најголемиот работодавец во приватниот сектор: Апел до Пендаровски да не го потпише Законот за игри на среќа

Александар Тодески

Пратениците денеска решаваат за гасната централа што ќе ја градат Грци и за Законот за игри на среќа

„Сакам да работам“ до „Антикоцкање“: Дали сакате затворање на легалните објекти затоа што во секторот игри на среќа 90 проценти од вработените се Македонци

Пратениците утре да гласаат за законот за дислоцирање на објектите на игри на среќа повика Движењето Антикоцкање

Катерина Ѓуровски