Сакале да крадат мотоцикл во Тетово, ги фатиле на лице место: Уапсени 21 годишник и малолетник

Од:

Во 02.30 часот по полноќ, на улица „Иво Лола Рибар“ во Тетово, полициски службеници од СВР-Тетово ги лишиле од слобода М.С.(21) и малолетник, двајцата од Тетово.

„Тие биле затекнати при кражба на мотоцикл во двор од куќа. Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицата се задржани во полициска станица“, соопшти МВР

Од полицијата посочуваат дека по целосно документирање на случајот, против нив ќе следува соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

МВР во 2026 сè уште работи со тефтери, Тошковски најавува дигитализација за три до четири месеци

За пет часа полицијата напиша 221 казна за пешаците во Македонија

А1он

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР апелира на внимателност

Касами ги викна владиката и муфтијата за заедно да се борат за соживот во Тетово

А1он

Лишен од слобода 49-годишник од Охрид, при претрес пронајдени дрога и пари

Уапсен е Предраг Вулетиќ, соработник на Вулин: Осомничен е дека го оштетил буџетот за 131 милион динари