Сакал да го рекетира градоначалникот на Неготино, па му пишувал смртни закани

Од:

Основното јавно обвинителство од Кавадарци поведе истражна постапка против едно лице од Неготино за кривично дело изнуда, како и загрозување на сигурноста.

„Кривичните дела ги извршил спрема градоначалникот на Неготино. На 2 септември, од анонимен фејсбук профил му пишал на градоначалникот и со сериозни директни закани кон него и неговото семејство се обидел да го присили да му исплати 3.000 евра.

Во периодот од 4 до 18 септември, во неколку наврати осомничениот испраќал пораки со смртни закани на градоначалникот и на официјалната електронска пошта на општината, со што кај оштетениот и неговото семејство предизвикал чувство на несигурност, загрозување и страв.

Бидејќи постојат законските основи – опасност од бегство и можност осомничениот да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор, извести ОЈО.

Би можело да ве интересира

Со општински пари екс-градоначалник на Росоман го исплати личниот долг од 500.000 денари

А1он

27-годишен маж од Неготино ја истепа 19-годишната невенчана сопруга

Горан Наумовски

Романка сама си праќаше заканувачки пораки за да го обвини екс сопругот

А1он

Инцидент близу Неготино: 26-годишник е тешко повреден во несреќен случај

ВИДЕО: Изгоре куќа во пожар во Неготино

Катерина Ѓуровски

Семејна драма: Син осомничен дека се закануваше на својот татко