Сагарц ја реафирмираше поддршката на македонските евроинтеграции

Од:

Европратеникот Кристијан Сагарц на денешната средба со министерот за надворешни работи, Бујар Османи ја реафирмираше поддршката на нашите европски интеграции од страна на Европската народна партија (ЕПП), но и воопшто, во рамки на Европскиот парламент.

Подвлече дека оваа институција ќе продолжи да биде вокален поддржувач на Република Северна Македонија и на нужноста од брзо почнување пристапни преговори и дека неговиот моментален капацитет ќе биде ставен во функција на придвижување на оваа цел.

Како што соопшти МНР, на средбата беа разменети мислења и видувања за политиките на проширување на ЕУ, нашето портфолио и за улогата на Европскиот парламент и заедничките напори за суштински пробив во процесите на интеграција.

Министерот Османи ја подвлече извонредно важната улога на Европскиот парламент во промоцијата на европската интеграција како важна политика на ЕУ и како институција која во континуитет ги поддржува политичките аспирации, напорите и очекувањата на Република Северна Македонија (и земјите од нашиот регион) за видлива и опиплива европска перспектива.

-Европскиот парламент е докажан пријател на нашата земја. Поддршката која ја добиваме од разните политички групи е конзистентна, континуирана, но и аргументирана. Реформскиот напредок во последните години е плод на политичка волја, партнерска поддршка, но и верба во европските вредности од страна на нашите граѓани. Ваквиот наратив мора да се негува и да понуди нова енергија за општествена трансформација и реализација на нашата европска агенда . Поддршката од Европскиот парламент и од најбројната политичка група во оваа смисла е значаен катализатор, истакна министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Европратеникот Сагарц кој е во иницијална посета на Република Северна Македонија откако ја презеде должноста известител во сенка (на ЕПП) за нашата земја.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: За мене ова е диктат, ако е ова условот за Македонија да продолжи да преговара тогаш не благодарам

Горан Наумовски

Украина и Молдавија ќе почнат преговори пред Македонија: „Проширувањето на ЕУ е секогаш политичка одлука“

A1on

(ВИДЕО) Денков: Бугарија нема да го смени ставот кон Македонија, сега преговорите се помеѓу ЕУ и Скопје

A1on

Хакер: Влезот на Северна Македонија во ЕУ е во интерес на Германија и на Унијата

Ана Ололовска

Сослушување во американскиот Сенат за влезот на С. Македонија во ЕУ, и за Западен Балкан

Ана Ололовска

Вархеји оптимист во однос на можноста за членство во ЕУ до 2030

Ана Ололовска