Садизам или лицемерие? Бранител мора да врати отштета со камата

Од:

Зоран Ангеловски  во конфликтната 2001 година, како бранител учествувал од  самиот почеток, како дел од посебните полициски сили.  Во 2004 година, за време на редовните полициски  активности во општина Шуто Оризари, во Скопје, било нападнато службеното возило со кое управувал.

Зоран  се здобива со тешки телесни повреди.При нападот биле ранети  и неговите колеги.

„Имав прострелна рана кај срцето и на двете раце. Кои трауми се тоа! Ме болеше, не можев да го соблечам палтото, но возев до болница, гледав да се спасам и себе си и колегата. Кога стигнав до болницата со огромна брзина, тој веднаш се онесвести“, ја раскажа својата судбина, Ангеловски.

Зоран ги покажа и местата на неговата униформа, каде минале куршумите.

Три години траел судскиот спор, и конечно судот пресудил во негова корист, како отштета добива 10.000 евра.

МВР во 2009 вложува жалба и Врховниот суд го враќа предметот на повторно разгледување.

Судот пресудил дека Зоран, кој застанал во одбрана на република Македонија стекнал имотна корист без основ. Сега не само што ги бараат парите назад, туку со се камати Зоран треба да врати 15.000

„Достоинство“, му дава поддршка на Ангеловски, и го натерале МВР да ги повлече ваквите тужби против воените ивалиди.

„Ова сега лицемерие или садизам? Во образложението се вели дека тој бил ранет по конфликтот, во 2004. Сакам да ја прашам министерката Јанкуловска: зарем раните од огнено оружје   од 2004 болат помалку од раните добиени во 2001? Зарем така се грижат за бранителите?“, праша  Стојанче Ангелов.

Во Собранието во тек е расправата за Закон за правата на бранителите, предложен од ВМРО-ДПМНЕ?

 

Би можело да ве интересира

СДСМ: Гаши не го почитува Деловникот, бранителите ќе извисат поради желбите на ВЛЕН

ДУИ: ВМРО го принуди Влен да го поддржи Законот за бранители

Мицкоски: Бранителите ја имале, ја имаат и ќе ја имаат мојата недвосмислена поддршка

Горан Наумовски

Игор Димески: Левица ќе направи сè, за да се институционализираат барањата на бранителите од 2001

А1он

Ангелов: „Достоинство“ ќе коалицира со ВМРО – ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

Тошковски ги посети семејствата на загинатите бранители кои престојуваат во одмoралиштето на МВР во Пониква

А1он