Садику: Околу 20 загинати во сообраќајката се од Општина Студеничани

Од:

Градоначалникот на Општина Студеничани Азем Садику изјави дека од вкупниот број на загинатите сообраќајна несреќа во Бугарија, околу 20 лица се од населените места од оваа општина.

Тој истакна дека како градоначалник ќе бара истрагата да оди до крај и да се најдат причините, посочувајќи дека владите на двете држави треба да работат на пронаоѓањето на причините за трагедијата.

– Цела едно семејство: една мајка со четири деца и другата снаа со две деца се со потекло од селото Моране. Друга причина што сме тажни и немаме зборови како да ја искажеме нашата жалост е нашиот колега матичар кој што работи во Службата за матична евиденција во Скопје, кој со неговата сопруга загина. Имаме и учителка од училиштето „Наим Фрашери“ од Студеничани, исто така со малолетно дете загинаа. Има загинати и од Долно Количани, рече Садику.

Садику потенцира дека според информациите што ги има, од седумте преживеани лица, четири се од Долно Количани.

– Ова е една голема загуба за сите нас, за цела држава и во име на граѓаните на Општина Студеничани најпрвин на роднините на загинатите им изразувам длабоко сочувство, Господ да им даде сабр за да ја издржат оваа болка, починатите да бидат наградени со Џенет. Оваа голема болка, човек не може да најде зборови како да ја искаже жалоста и болката. Црн ден за целата држава, а посебно за нашата општина, рече Садику.

Би можело да ве интересира

Камион усмрти велосипедист во Куманово

Возачот е виновен за сообраќајката на „Струма“, бугарското Обвинителство ја заврши истрагата

А1он

Заврши собирањето докази за несреќата на македонскиот автобус на автопатот Струма во Бугарија

А1он

Одземена лиценцата на „Беса Травел“

Ана Ололовска

Утре ќе биде поништена лиценцата за туристичка дејност на „Беса транс“

А1он

Трагедии, пожари, избори, заминување на Заев, Европско во фудбал – Македонија во 2021