Амбасадата на САД во Скопје информираше дека владата на Соединетите Американски Држави добила официјално известување за промената на името.
„Ние веднаш ќе почнеме да го користиме новото име и ќе почнеме процес на промена на референците на интернет страниците, официјалните документи и секаде на друго место“, се наведува во кусата објава на амбасадата.