Ружин: Власта на ДПМНЕ е како самозаљубен болежлив спортист без допинг

Од:

ЛДП реагира на извештајот на FREEDOM HOUSE за состојбата на дмократијата во Македонија 2013 година.

„Полуконсолидиран и авторитарен режим, транзициска влада и хибриден режим, со овие неславни метафори, што ги истакнува американската невладина организација се третира Македонија и нејзиниот застој на демократијата“, укажа ЛДП.

Македонија, некогашниот лидер во демократијата на западен Балкан и аспирант за ЕУ и НАТО, рече Нано Ружин, со оваа власт на ДПМНЕ наликува на еден истрошен и болежлив спортист, кој останал без допинг, без идеи, но со силен демагошки популизам, самозаљубеност и пропаганда.

Осумте години непрекината власт на ДПМНЕ, рече Ружин, ја уништи демократијата во Македонија, а во поглед на неслободата на медиумите, Македонија е неславниот шампион, пласирана на 120.место.

„Со претраната авторитарна и партиска контрола врз медиумската слобода, Владата ја укина можноста за саморегулирање во оваа сфера, преку наметнување на Законот за санкционирање и замолчување на новинарите. Македонија е единствена земја во регионот која апси новинари и има политички затвореници“, рече Ружин.

Посочи дека и судството не ги почитувало уставните синдикални права, ниту политичките права на граѓаните, што најевидентно дојде до израз при штрајковите на белите мантили и поништување на вториот круг на локалните избори во Центар, Струмица и Струга.

„FREEDOM HOUSE е сосема во право кога Македонија ја прогласува за делумно слободна земја. Почитуван премиере, наместо да организирате ирационални протести пред општина Центар, кои ги осудуваат и ЕУ и НАТО, пренасочете ја Вашата енергија кон слободата на изразувањето и на медиумите, кон независноста на судството и создавање на клима за демократски развој. Едноумието еднаш во Македонија падна, не се обидувајте да создадете ново едноумие, и тоа ќе падне“, рече Ружин.

Би можело да ве интересира

Зајкова: Нема откажување од иднината! Нашиот план предвидува подобар, европски живот за сите со европски вредности!

Орце Костов

Форум на жени на ЛДП: Најостро го осудуваме навредливиот коментар упатен кон Силјановска Давкова

Таравари по извештајот на „Фридом хаус“: Да се ​​отстрани корупцијата од власта, да се отвори вратата за новата генерација

Пад на Македонија во извештајот на Фридом хаус: Назадување во владеењето на правото и борбата со корупција

ЛДП: Недозволиво е вакво апсење на новинарот Салиу

Мишиќ: Од суштинско значење е потребите на младите да бидат пресликани во новите политики