(ВИДЕО) Рустеми: Судењето за „ТНТ“ најверојатно ќе почне од почеток

Од:

Обвинителот Бурим Рустеми кој го застапува предметот „ТНТ“ за уривањето на „Космос“, по денешното одложување на рочиштето рече дека очекува судењето да почне од почеток поради истек на мандатот на поротничката.

„Беше одбиен мојот предлог за одвојување на постапката, а јас сметам дека е погрешна одлука на судот. Сметам дека имаше простор да се раздвои постапката и имаше основни услови да се заврши предметот кој е во завршна фаза. Ја почитуваме одлуката на судот и најверојатно ќе се започне постапката од почеток и ќе трае определен временски период“, рече Рустеми.

Според него, не постои можност да застарат делата за кои се товарат шестте обвинети.

„Не постои можност да застарат делата бидејќи обвинетите се товарат за потешки кривични дела. Таква околност не постои во овој предмет. Само евентуално одолговлекување на постапката на подолг временски период“, рече Рустеми.

Обвинителот очекува до 17 јануари кога треба да се одржи следното рочиште да има одлука за поротничката.

Би можело да ве интересира

Кривичен за „ТНТ“: Мериторно одлучување на второстепениот суд при жалбени постапки е единствен начин за судење во разумен рок и економичност и ефикасност на постапките

И Обвинителството и одбраната бараат застарување на случајот за уривањето на Космoс

Александар Тодески

Апелацискиот суд ќе одржи јавна средница за случајот „ТНТ“

Пресудата за „ТНТ-рушење на КОСМОС“ е неиздржана, истакна одбраната на јавната седница во Апелација

Ана Ололовска

Предметот „ТНТ-рушење на КОСМОС“ на јавна седница на Апелацискиот суд

Ана Ололовска

Судски совет ќе го проверува и „ТНТ“, каде судијата и вештакот се во кумски врски

Кристијан Ландов