Бараме притвор за Кирил Божиновски поради опасност од бегство и влијание врз соучесниците. Тој е во врвот на ВМРО-ДПМНЕ и има моќ врз членството, единствено со притвор може да се спречи тоа влијание, изјави Бурим Рустени адвокат од СЈО.
На Божиновски му се ставаат на товар 2 кривични дела, злосторничко здружување и злоупотреба на средства за финансирање на изборна кампања.
Адвокатката на Божиновски, Сања Алексиќ, побара да му се врати пасошот на Божиновски. Таа рече дека веќе еднаш судот одбил притвор во 2016 за Божиновски, не бил осудуван и дека судот треба да ги има предвид личните и семејни прилики на обвинетиот.
Обвинетиот Кирил Божиновски изјави дека не влијаел врз сведоци и не извршувал државна функција. Тој вети дека редовно ќе се појавува на суд и рече дека едвај чека да заполне судската постапка за да ја докаже својата невиност.
Виктор Јованов