(ВИДЕО) Рустеми: Не чувствував влијание од Јанева за исказот за случајот „Рекет”

Од:

Обвинителот од СЈО, Бурим Рустеми вели дека одговорил на сите прашања од Обвинителството поврзани со случајот “Рекет”. Тој не сакаше да каже дали на состанок во понеделникот, кој се одвивал во СЈО, Катица Јанева им се заканувала дека ако таа пропадне, ќе ги повлече сите обвинители.

„Јас дојдов и дадов изјава во својство на сведок за “Рекет” во врска со истрагата за „Поштенска банка” која ја води Обвинителството. Ја кажав вистината, ги дадов сите информации. Верувам дека мојот исказ ќе даде придонес за развој на истрагата”, рече Рустеми по завршување на распитот во ОЈО за случајот “Рекет”.

„Ги објаснував сите детали поврзани со истрагата”, рече Рустеми.

За вчерашните претреси при влез и излез од СЈО, Рустеми рече дека не знаел што се случувало.

“Јас вчера бев на судење на ТНТ. Јас стручната соработничка ја пречекав пред судот, не знам што се случувало”, рече Рустеми за вчерашната ситуација каде се вршеле претреси во СЈО, неофицијално поради сомневање на Јанева дека стручната соработничка земала документи за предметот „Поштенска банка” кои Рустеми ги однел со него во Обвинителството.

Рустеми додаде дека доколку чувствувал било какво влијание од Јанева за неговото сведочење за „Рекет”, тој ќе го пријавел.

„Јас можам да кажам дека не чувствував сериозно влијание на исказот кој го дадов денес. Не сакам да кажувам детали од состанокот”, рече Рустеми на прашањето дали Катица Јанева им се заканувала на понеделничкиот колегиум.

Истрагата „Поштенска банка која се поврзува со случајот „Рекет” на Обвинителството за организиран криминал привршува рече обвинителот на СЈО.

„Истрагата за Поштенска банка привршува. Ќе одлучиме што понатаму”, рече Рустеми.

Би можело да ве интересира

ОЈО бара притвор за тројца од четворицата осомничени за поседување нелегално оружје во Брвеница

А1он

Обвинение за 13 полицајци за пожарот во „Пулс“ во Кочани

А1он

Анел Фидоски е избран за јавен обвинител на Основното јавно обвинителство Скопје

Горан Наумовски

Избор на нов обвинител на ОЈО Скопје: Бубевски повторно во трка

Горан Наумовски

Финансиски криминал: 20 лица под истрага за штета од речиси пет милиони евра

Тополова-Исајловска едногласно именувана за вршител на должност Државен јавен обвинител

Горан Наумовски