Рустеми: До вчера беа против Коридорите 8 и 10д, сега велат дека се историски проекти

Од:

Демократска унија за интеграција (ДУИ) изразува задоволство што изградбата на Коридорите 8 и 10Д продолжуваат и покрај тоа што истите се реализираат од Влада без етнички легитимитет, истакна на денешната прес-конференција Ејуп Рустеми од ДУИ, кој претходно беше и директор на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП). Тој вели дека изградбата на Коридорите 8 и 10 Д само го потврдуваат нивниот стабилен визионерски пристап и долгорочните политики за напредок на земјата и за изградба на модерна патна инфраструктура.

-Не можеме, а да не истакнеме дека тие што до вчера жестоко се спротивставуваа на овој проект и се закануваа со негово поништување денеска го нарекуваат историски проект. Оваа промена во ставовите ја потврдува вредноста што Коридорот 8 ја претставува за развојот на Северна Македонија и за поврзување на нејзините врски со регионот и со Европа. Политиките на ДУИ секогаш биле во интерес на граѓаните и секојдневните резултати ги убедува тие дека обвинувањата и нападите насочени кон нас, не беа ништо друго освен обид за освојување на власта без вистинска поддршка, рече Рустеми.

Тој додаде дека наспроти критиките, тие како ДУИ бараат овој важен проект успешно да се реализира.

-Исто така ДУИ апелира за изградба на тунелот на патниот правец Гостивар-Букојчани, оценувајќи го тоа како најсоодветно решение за изградба на Коридорот 8. ДУИ бара предвидените средства за овој проект да се искористат според планирањето, без непотребни пречки или одложувања. Овој проект го носи печатот на Демократска унија за интеграција, го носи печатот на нашата посветеност за заедничкото добро и за подобра иднина на Северна Македонија, рече Рустеми.

Би можело да ве интересира

За ДУИ, владата на Мицкоски е неспособна, антиалбанска, антиевропска и последниот руски прокси во регионот

Мерко им се налути на Ахмети и ДУИ, не го бранеле како Беџети и Дехари

ДУИ: Пад од 61 отсто на странските директни инвестиции во 2025 година во споредба со 2024 година

Предраг Петровиќ

ДУИ: Во обид за пропаганда, пратеник на ВРЕДИ сам откри дека Владата го крши Законот за јазиците

Политички судир: ДУИ бара одговорност од Меџити за спорна исплата

Алија: Пад на индустриското производство од дури 9,4 проценти