Рускоска: Обвинителниот акт за „27 април“ нема суштински измени

Од:

Обвинителниот акт за случајот „27 април“ не претрпи суштински измени и останува истото кривично дело, изјави денеска пред Кривичниот суд јавната обвинителка Вилма Рускоска.

– Обвинителниот акт не претрпи суштински измени. Има прецизирања со оглед на дополнителните докази кои беа презентирани. Со оглед на Законот за амнестија мораше попрецизно да се објасни кој од обвинетите што направил, а тоа ќе биде во завршни зборови, изјави Рускоска.

На новинарско прашање дали тоа значи дека останува истото кривично дело, обвинителката Рускоска, рече „да“.

Денешното рочиште за насислтвата во Собранието на Македонија на 27 април 2017 година, се одложи за 31 јануари, бидејќи како што информира судијката Добрила Кацарска, се уште не се правосилни сите одговори по жалбите на одбиените барања за амнестија од Апелација.

– За Абдулфета Аљими била закажана јавна седница на Апелација за петок, но не се одржала и е закажана за денеска. Обвинителката Вилма Рускоска следната недела ќе биде службено отсустна и тие рочиштата се откажуваат, па следното рочиште ќе се одржи на 31 јануари, изјави Кацарска.

Би можело да ве интересира

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Јане Ченто поднесува кривична пријава против Вилма Рускоска за 27 април

Почина Кире Ѓорѓиевски, осуден за тепањето на Зијадин Села во случајот „27 април“

Катерина Ѓуровски

Почина Игор Југ, еден од осудените за „27 април“

Катерина Ѓуровски