(ВИДЕО) Русковска: Не би барала притвор за Јанева ако немав доволно докази

Од:

Обвинителката Вилма Русковска, по одлуката на судот да ѝ одреди 30-дневен притвор на Катица Јанева, вели дека нејзината колешка не била претходно осомничена во случајот „Рекет“ бидејќи немало доволно докази. Русковска потенцираше дека вчера не било барано апсење на Јанева за да ѝ се даде шанса да даде свое видување.

„Не се смени ништо од вчера до денес. Сметав дека треба да ѝ се даде шанса на колешката да даде свое видување. Тоа беше причината. Предметот е многу експониран во јавност, едноставно сакав да слушнам што сака да каже. Не ја ислушав како сведок. Не би барала притвор без доволно докази. Во меѓувреме, се собраа доволно докази кои укажуваат на кривичното дело. Ако имав доволно докази за некој друг, и тој ќе беше во притвор“, рече Русковска по распитот на Јанева во судот.

Обвинителката Русковска вели дека истрагата продолжува, а дополнително ќе се види до какви сознанија и докази ќе дојде Обвинителството за организиран криминал и корупција. Русковска тврди дека немала политички притисоци со цел да спречат истрагата да се прошири кон Катица Јанева.

„Кога беа првите двајца осомничени, им беше одобрен притвор по наше барање. Истрагата продолжува и ќе видиме каде ќе нè однесе. „Не сакам оваа истрага да биде реалити-шоу. Сум немала политички притисоци“, додаде Русковска.

Во обвинителството биле повикани и бизнисмени кои се поврзувале со истрагата „Рекет“, а дел од нив негирале дека дале пари, рече Русковска. Во однос на тоа дали во изминатиот период биле уништени докази, рече дека не ѝ е познато.

„Познато е дека дел од компјутерите се бришени. Колку што имам информации, тоа се на стручните соработници кои работат во СЈО. Ниту еден компјутер на обвинител не беше форматиран, колку што знам. Еден телефон, кој го најдовме во Гевгелија, беше форматиран, другите не“, рече Русковска.

Обвинителката додаде дека човечки е да и се дозволи на Јанева да присуствува на погребот на мајка и.

„Судијата се консултираше со мене, јас реков дека е човечки да и се дозволи да оди на погреб кај мајка и“, рече таа.

Русковска посочи дека адвокатот на Јанева не може да ја застапува бидејќи има судир на интереси. Таа побарала од Стеван Павлески да ги откаже сите полномоштва кои му овозможуваат да застапува осомничени лица во предметите на СЈО.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството да не чека, веднаш да постапи по Извештајот на ДЗР

Горан Наумовски

ОЈО: Двајца пензионирани полицајци и уште едно лице оддавале тајни на организираната криминална група „Дуќанџик“

ОЈО предложи притвор за учесниците во тепачката со пукање во Чаир

Во „Синџир“ обвинети петнаесет лица вработени во УЈП

ОЈО доби ново одделение за сериозен и сложен криминал

(ВИДЕО) Митева: Филипче има имот над 1,3 милиони евра