ВИДЕО: Русковска дојде кај Штерјев да образложи зошто е осомничена Јанева

Од:

Шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска дојде во Советот на јавни обвинители да образложи зошто Катица Јанева е осомничена пред членовите на Советот.

Претседателот на Советот, Коле Штерјев, на влегување во зградата рече дека не сака да го коментира исходот од седницата.

Советот за јавни обвинители денеска треба да одлучува дали ќе започне постапка за разрешување на Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева која во моментов е во притвор за предметот „Рекет“.

Седницата на Советот ќе биде затворена за јавноста поради тајноста на истражната постапка којашто се уште е во тек.

Би можело да ве интересира

Полицијата уапси турски државјани кои рекетирале сонародник, од жртвата барале 40.000 евра

Горан Наумовски

Сакал да го рекетира градоначалникот на Неготино, па му пишувал смртни закани

Горан Наумовски

Истражителите уапсија рекетар од Битола: Од познаник сакал да земе 2.000 евра

Горан Наумовски

Уапсени се двајца скопјани кои изнудиле 300.000 евра од кумановец во период од осум години

Охриѓанка за четири години од жртва земала 731.000 евра

Двајца мажи барале 5.000 евра „рекет“ од стоматолог