Руско МНР: Пратениците беа уценети и заклучени до гласањето, валкани манипулации на САД за уставни измени

Од:

Руското министерство за надворешни работи соопшти дека САД манипулирале со „нерегуларно гласање“ во македонскиот парламент при носењето на одлуката за уставните измени.

Гласањето за уставните измени за промена на името и влез во НАТО е спроведено со кршење на сите норми, смета Москва и додаваат оти се случила валкана манипулацијата.

– Обративме внимание на гласањето на 19 октомври во Собранието на Македонија за измените на Уставот кои се потребни за промена на името и влез на земјата во НАТО. Се беше организирано по каноните на „современа европска демократија“, се вели во коментарот на руското министерство за надворешни работи.

Како што наведуваат тие, осум гласаа недостасуваа за добивање на потребното мнозинство, а тие се добиле со уцени, закани и поткуп на опозициски пратеници.

– Тројца од нив, чисто случајно, баш тој ден беа пуштени од притвор, на други двајца, против кои специјалното обвинителство има случаи, им е ветена слобода, а на останатите во замена за „правилно гласање“ им се даде корупциски предлози. Пратениците ги заклучувале во кабинети, им ги одземале мобилните телефони, очигледно во духот на еворпската демократска практика. Интересно е да да се забележи дека амбасадорот на САД се наоѓал во зградата на Собранието се до крајот на седницата, што не остава можност за сомнеж кој раководел со тој процес, се вели во соопштението на руското министерство.

– Тоа што се случи е отворено кршење на сите норми, од гледна точка на закони, но и на морален план. Вакви валкани манипулации не може да се сметаат за искажување на волјата на пратениците. Мислењето на две третини од македонците, кои одбија да го поддржат Преспанскиот договор на неуспешниот референдум од 30 септември, грубо е игнорирано. Решавањето на спорот помеѓу Атина и Скопје треба да се заснова на право, на широка поддршка од народот, а не на поделба на општеството, велат од руското МНР.

Би можело да ве интересира

Медведев: Нападот врз резиденцијата на Путин можеше да доведе до употреба на специјално оружје

Украина: Русите нападнаа два града, погодија згради и училишта, повредени се деца

Украина, Русија и Америка се среќаваат во Емиратите

„Блумберг“: Русија му верува на зетот на Доналд Трамп

Лавров: Додека Русија нуди дијалог, Западот притиска врз Вашингтон

Европа во страв: Руските нуклеарни закани предизвикуваат загриженост