Руска амбасада за „А1он“: Граѓаните ни бараат вакцина, но за жал мораме да повторуваме дека ќе ја добијат ако Владата одлучи

Од:

Помалку од 10 долари чини руската вакцина за заштита од Ковид-19 за која македонската Влада досега нема испратено официјално барање за набавка. Од Амбасадата на Руската Федерација за „А1он“ велат дека секојдневно добиваат барања од граѓани кои на разни начини се обидуваат да дојдат до вакцината „спутник В“. Барањата им стигнуваат преку телефон, преку имејл и на социјалните мрежи на Амбасадата, а освен граѓани, барања добиле и од здравствени работници.

„За жал, мораме да повторуваме дека македонските граѓани може да добијат пристап до вакцината ако Владата се одлучи за нејзина набавка. Од своја страна, секогаш сме отворени за соработка за овие и други прашања од интерес. Првите испораки на вакцината ‘спутник В’ обично стигнуваат по најмалку 3 месеци од добиено официјално барање. А цената за една доза на вакцината ’спутник В’ за странски партнери е најконкурентна, според Рускиот фонд за директни инвестиции таа изнесува помалку од 10 долари “, велат од Амбасадата на Русија за „А1он“.

Официјално барање за набавка досега немаат добиено од македонските здравствени власти, а за вакцината го известиле министерот за здравство, Венко Филипче, во август минатата година.

Амбасадата на Русија првпат го информирала министерот Венко Филипче за подготвеноста на рускиот Фонд за директни инвестиции да почне преговори за сите прашања во врска со набавката на 18 август.

„Амбасадата на Руската Федерација во повеќе наврати ја известуваше Владата на Република Северна Македонија за можност за соработка во испорака на руската вакцина доколку за тоа има интерес од македонската страна. Првпат го информиравме министерот Венко Филипче за подготвеноста на рускиот Фонд за директни инвестиции да почне преговори за сите прашања во врска со набавката уште на 18 август. Министерот за здравство во телефонскиот разговор на 10 септември нѐ информира дека нивниот сектор за вакцини и имунизација го следи процесот за руската вакцина и има некои прашања во врска со тоа. Потоа, на 25 септември, ја информиравме проф. Александра Грозданова, шефот на Националниот комитет за имунизација при Министерството за здравство на Република Северна Македонија дека Фондот може да организира видеоконференција за сите постојни прашања во врска со вакцината. Досега нема реакција во однос на тој предлог од надлежните институции“, објаснуваат од Амбасадата.

Неколку анкети направени меѓу македонските граѓани покажаа дека кога би имале можност да изберат, повеќето од испитаниците би се вакцинирале со руската вакцина. Ваква анкета направи истражувачкиот центар на новинската агенција „Макфакс“. На прашањето „Која вакцина би ја избрале против Ковид-19“, една третина од испитаниците се определиле за руската вакцина, а речиси ист е резултатот и на анкетата што ја направи групата „Ковид-19 – искуства и совети“ на „Фејсбук“.

„Во овој момент нема да правиме ништо конкретно кон ниту еден друг извор на вакцини“, рече министерот Филипче во саботата

Ставот на граѓаните од анкетите е поинаков од оној на министерот за здравство Венко Филипче, кој изјави дека не се планира набавка на руската вакцина бидејќи се договорени значајни количини вакцини од „Синофарм“, „Астра зенека“ и „Фајзер“.

„Отворени сме за таа опција, но во овој момент нема да правиме ништо конкретно кон ниту еден друг извор на вакцини, првин за да видиме како ќе тече процесот на вакцинацијата, и според Ковакс-механизмот. Апсолутно сме отворени, буквално сите се добри и безбедни, ги поминале своите контролни механизми, така што во смисла на динамиката, односно количината што ќе доаѓа, ќе има сè повеќе, нема да има потреба“, одговори министерот Филипче во саботата на прашањето дали Македонија ќе ја набавува руската вакцина.

Од Амбасадата на Русија известија дека досега повеќе од 1,5 милион Руси ја добиле и втората доза од вакцината. Вакцинацијата почна во декември. Руските дипломати во Македонија велат дека ќе се вакцинираат веднаш штом ќе се појави можност.

За да почне вакцинацијата во Македонија, се чекаат 8.000 вакцини на „Фајзер“, кои Србија најави дека ќе ни ги отстапи од сопствените количини, а според најавите на премиерот Зоран Заев, договорените 200.000 дози од кинеската вакцина на „Синофарм“, за кои договорот беше потпишан во понеделникот, се очекува да стигнат меѓу 10 и 15 февруари. Преку Ковакс-системот во март ќе стигнат вакцините на „Астра зенека“ поради недостигот од вакцината на „Фајзер“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Нови субвенции за тутунопроизводителите по 6.000 денари за секој хектар тутун

Филипче најави тужба за клевета против Николоски – го нарече „кафански озборувач“

Филипче: Со црна кампања ВМРО-ДПМНЕ бараат алиби за лошиот резултат кој ги очекува

Горан Наумовски

Филипче: Додека се боревме со три кризи ги решававме и стратешките прашања

Филипче: Платите на општите лекари ќе се качат до 140.000 денари на медицинските сестри до 90.000

Предраг Петровиќ

За Мизрахи, Филипче, Васев и Нухи имаат најголема одговорност за Онкологија: СДСМ ќе бара оставка од неа

Орце Костов