Филипче: Ние сме една од ретките земји со значајна количина вакцини, затоа не ја нарачуваме руската вакцина

Од:

Министерот за здравство повторно одржа прес конференција за вакцините кои Македонија се уште ги нема. Повторно најави и дека доаѓаат кинеските вакцини, но нема конкретен датум кога. Во таква ситуација, Филипче не сака да ја нарача руската вакцина која му е одамна понудена со образложение дека сме имале доволни количини, ама во наредниот период. На прашањето дали заради тоа што граѓаните ги остави без заштита, а имал можност да набави одредени вакцини ќе понесе одговорност го избегна одговорот. Негираше дека сме биле меѓу првите земји по смртност од Ковид-19.

-Немаме една од највисоките стапки на смртност, кога ќе ги споредуваме сите земји, европските земји имаат повисоки стапки. Ние ЌЕ бидеме една од ретките земји која ќе обезбеди значајна количина вакцини за сериозен процент од населението. Една Австрија добила само 23.000 вакцини, така да во таа смисла согласно нашите најави кои беа за март, ние поместивме за февруари. Со оваа количина мислам дека за таков старт е сосема доволна и за сите здравствени работници и најризичните граѓани, рече Филипче.

И покрај тоа што нема вакцини, Филипче во услови кога држави од ЕУ ја нарачуваат руската вакцина, не ја открива причината зошто се противи на тоа.

-Отворени сме за таа опција, но во овој момент нема да правиме ништо конкретно кон ниту еден друг извор на вакцини, прво за да видиме како ќе тече процесот на вакцинацијата, и според ковакс механизмот. Апсолутно сме отворени, буквално сите се добри и безбедни ги поминале своите контролни механизми, така да во смисла на динамиката односно количината која ќе доаѓа ќе има се повеќе, нема да има потреба, рече тој.

Филипче нема ниту информација дали ќе се набават нови количества на кинеската вакцина со оглед дека првата која уште не е стигната е доволна само за 100.000 граѓани.

-Отворени сме за сите опции за целта, процесот да не запре, ова е доволна количина за 4 до 6 недели вакцинација, ги очекуваме во следните месеци да се зголемува.

Филипче кажа дека ќе се вакцинира со таа вакцина која прва ќе стигне, односно според најавите со кинеската вакцина.

Оние граѓани кои нема да сакаат да примат одредена вакцина во закажаниот термин, ќе може да се откажат од вакцинирањето и да закажат повторно вакцинирање. Вакцината на АстраЗенека нема да се дава за возраст над 65 години.

Би можело да ве интересира

Интерес за вакцинација против Ковид-19, помалку хоспитализирани пациенти и активни случаи

Ана Ололовска

Девојка од Мокрино сакала да оди за Швајцарија, а била во изолација

Жарко Настоски

26 починати од Ковид-19 и 324 нови случаи

Жарко Настоски

Филипче ќе се вакцинира утре точно напладне

Жарко Настоски

Заев се вакцинираше со кинеската вакцина: Се чувствувам одлично

Кристијан Ландов

Вчера се вакцинирале 9.123 граѓани

Ана Ололовска