Руска амбасада со одговор до американската: Имаме решение за загадувањето во Скопје – Турски тек

Од:

Руската амбасада преку нивниот Твитер профил одговорија на американската амбасада со предлог за прочисување на воздухот во Скопје.

Амбасадата на САД во Македонија преку нивниот „Твитер“ профил изразија загриженост поради високото ниво на загадување на воздухот во Скопје и постави прашање „Какви предлози имате вие за почист воздух во Македонија?“.

– Додека нашите пријатели од американската амбасада во Македонија бараат предлози за намалување за загаденоста, ние сакаме да предложиме решение. Турски тек, се вели во твитот на руската амбасада.

Загадувањето во главниот град во последниве 24 часа е екстремно високо, а Скопје според загаденоста е на првото место во светот, пред Калкута во Индија и Дака во Бангладеш.

Би можело да ве интересира

Тројца руски дипломати протерани од државата, Захарова вели тоа нема да остане без одговор

Уште 30 вработени во руската дипломатска мисија ќе ги напуштат САД поради визните ограничувања

Бугарија блокирала трансфер на пари за руската Амбасада во Софија

Македонија ќе протера уште шестмина руски дипломати

А1он

(ВИДЕО) Со солзи се бара Русија да ја запре војната: Разбудете се Европо, Путин убива деца

Кристијан Ландов

Руската амбасада се судри со Бујар Османи поради мерките на САД

Мери Јордановска