Русија стои зад оркестрираниот напад на Сорос во Македонија и Унгарија

Од:

Магазинот „Политико“ пишува дека оркестрираните напади врз фондацијата на Џорџ Сорос во Македонија и американската амбасада во Скопје се поттикнати и поддржани од Русија, објавува Дојче веле.

Победата на Доналд Трамп на изборите во САД им даде крилја на политичарите со националистички предзнак во повеќе источноевропски земји, кои станаа поагресивни во барањето меѓународна поддршка за нивната „крстоносна војна“ против Сорос, а кои најдоа поддржувачи и во редовите на Републиканската партија во САД, пишува магазинот „Политико“ во анализата на нападите врз фондацијата на американскиот милијардер, во прв ред, во Македонија и во Унгарија.

Особено внимание во анализата им се посветува на писмата испратени од група американски републикански конгресмени и сенатори предводени од Крис Смит и Мајк Ли, во кои се обвинуваа Сорос и американската амбасада во Скопје за мешање во внатрешните работи на Македонија и заземање страна во политичката криза.

„Писмата, во кои од Стејт Департментот и владината служба за ревизија се бараат информации за поддршката од САД за групи на Сорос на Балканот, се случија по лобирањето од ВМРО-ДПМНЕ“, тврди „Политико“.

Според магазинот, досегашното лобирање на републиканците против делувањето на Сорос во Македонија не донело резултати, но се јавува загриженост поради обидот на Москва да влијае врз политиките на Капитол Хил.

„Русија се обидува да ја искористи кризата во Македонија за да посее недоверба кон САД и да ја привлече десничарската партија во својата орбита. Загриженоста на републиканските пратениците – дека САД, како што напиша Ли во писмото до Тилерсон, ‘предизвикуваат политичка нестабилност, и не ги почитуваат државниот суверенитет и граѓанското општество’ – за Москва претставуваше голема пропагандна победа“.

Во прилог на тоа се наведува и начинот на кој руските медиуми на ударно место јавуваа за писмото на Ли до Тилерсон, но и третманот кој на веста ѝ беше посветен во десничарските медиуми во САД.

Во изјава за „Политико“, македонските политичари и основачите на Стоп Операција Сорос демантираат дека Русија има влијание врз нивните постапки, но признаваат дека Москва покажала интерес.

Магазинот ги опишува и личните врски на политичари на ВМРО-ДПМНЕ кои влијаеле за добивањето поддршка од републиканските конресмени и сенатори. Во прв ред се потенцира пријателството на Влатко Ѓорчев со конгресменот Крис Смит, со кого соработувале во ОБСЕ. Ѓорчев редовно се среќава со Смит за време на посетите на Вашингтон, каде „веќе престојуваше трипати во 2017 година“, пишува магазинот.

Случајно или не, Смит и уште пет други републиканци му го испратија првото писмо на американскиот амбасадор Џес Бејли на 17 јануари годинава, обвинувајќи го дека ја фаворизира опозициската левичарска партија. Откако не беа задоволни од одговорот од Стејт Департментот, на 24 февруари тие се обратија до владината служба за ревизија со барање да се истражи финансирањето на УСАИД во Македонија.

Текстот бележи дека во јануари годинава, пред објавувањето на писмото, средби со сенаторите Ли, Круз и Џим Инхоф во Вашингтон имал и македонскиот министер за одбрана Зоран Јолевски.

„Овие жалби делуваат како да се извлечени од документ подготвен од Стоп Операција Сорос кој им беше дистрибуиран на членовите на Конгресот во јануари годинава“, пишува „Политико“.

Во писмо од 9 февруари годинава до сенаторот Ли, Стејт Департментот ги отфрлил забелешките на потписниците на барањето, ставајќи се во одбрана на посредничката улога на САД и ЕУ и нотирајќи ја зголемената загриженост за влошената политичка клима во Македонија.

Би можело да ве интересира

Пет лица загинаа во сообраќајна несреќа во Санкт Петербург

Горан Наумовски

Руски суд го заплени имотот на италијанскиот „УниКредит“ вреден 463 милиони евра

Амбасадорите на ЕУ се согласија да стават уште четири руски медиуми на листата на санкционирани

Русија ја обвини Канада дека ги оправдува нацистичките злосторства

Песков: Белоусов e номиниран за министер за одбрана поради иновативноста и конкурентноста

(ВИДЕО) Руски медиуми: Автобус полн со луѓе падна во река во Санкт Петербург, има загинати

Горан Наумовски