РТВ СЛОВЕНИЈА: Рекордно аерозагадување во Скопје

Од:

РТВ Словенија направи прилог за рекордното аерозагадување во Скопје кој се емитуваше синоќа во централниот дневник.

· Загадувањето на воздухот во Македонија достигна рекорд во минатите
неколку дена;

· Содржината на PM 10 честичките во воздухот достигна вредности над 20
пати поголеми од дозволената;

· Државата е 5-та во Европа по смртност заради загадениот воздух;

· Граѓаните ги греат домовите на тврди горива. Струјата е премногу скапа,
плин (гасовод) во Скопје нема;

· Типичниот есенски ден во Скопје значи опасност по здравјето за сите што
се на отворено;

· Скопје, Битола, Тетово,… се работи за проблем на целата држава;

· Наместо превентивни мерки, надлежните само го информираат населението
дека воздухот е толку опасен…да мораат децата, трудниците и постарите да
останат во затворени простории, посебно наутро и навечер;

· Тие што се свесни за проблемот, кога е можно, одат на места со почист
воздух или над Скопје…и се надеваат дека за некој ден ќе ги спаси ветерот;

· За проблемот предупредуваат со протести и преку социјалните мрежи. Горди
се на апликацијата со која државјаните можат да видат колку опасен воздух
вдишуваат;

· А да биде возухот почист … до сега не е превземено ништо.

Би можело да ве интересира

По пожарот во Трубарево измерени се високи концентрации на честички и тешки метали

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара граѓаните да седат дома, а со Герасимовски се забавува на партиски концерти, врв на лицемерието на СДС

Изгаснат е пожарот во Трубарево кој со денови ги труеше жителите на Гази Баба и на Аеродром

Перински: Министерството за локална самоуправа активно се вклучува со конкретни активности за решавање на проблемот со аерозагадувањето

И владејачкото мнозинство поднесе барање за надзорна расправа за аерозагадувањето, Гаши треба да одлучи кое матично тело е надлежно за нејзино организирање

Апасиев: ДПМНЕ ја блокира надзорната расправа за аерозагадувањето зашто има бизнис релации со загадувачите