Политичката криза во Македонија sе вжештува, констатира РТС, бидејќи опозицијата, велат, продолжи да објавува прислушувани снимки на највисоките државни функционери кои укажуваат на тоа дека земјата е на работ на банкрот, и дека без контрола се трошени огромни суми на пари за големи проекти.
РТС го пренесува разговорот за кој Заев рече дека е меѓу министрите за финансии и внатрешни работи, Зоран Ставрески и Гордана Јанкулоска.
„Ние сме луди. Она што го правиме не е нормално“, ова е кажано, вели Заев од министерот за финансии Зоран Ставрески во разговор со Јанкулоска.
Еве што објави РТС:
„Заев објави снимки на кои се слуша како Јанкулоска му се жали на Ставрески дека во полициски станици луѓето користат „ќебиња на кои пишува дека се од ЈНА“, и тоа дека нема да имаат пари за плати на вработените во Министерството за внатрешни работи.
„Па, еве, да отпуштите 500 лица од администрацијата“, одговорил Ставрески, и наведува дека парите од буџетот се потрошени за снимање промотивни филмови и видеа.